Насловна / Арт и дизајн / Мијалник како скулптура

Мијалник како скулптура

Предметите од Мурано стакло отсекогаш биле синоним за деликатна елеганција, но кога во нив ќе вмешаат прсти и познати дизајнери и компании, тогаш мијалникот станува уметничко дело.

Ги претставуваме убавите колекции на мијалници на италјанската компанија “Glass Design”.

Елегантна колекција Arte

Со комбинирање на иновативни техники и традиционален начин на изработка создадена е колекцијата Arte, на која и припаѓаат Модел 1 и Модел 2.

Колекцијата Модел 1  е рачно направена од проѕирно или опал црно мурано стакло со златни нијанси.arte_mod1_1

arte_mod1_2

Колекцијата Модел 2 има два модела исто така рачно изработени од транспарентно стакло. Од надвор мијалниците се украсени со неправилни волумени чии бои се преливаат од црна до тиркизно плава и од црвена до златна.arte_mod2_1

arte_mod2_2

Модерни колекции Vento и Marea

Дизајнирани се од познатиот дизајнер со египетско птоекло, Karim Rashid. Тој е препознатлив по своите иновативни и апстрактни дезени кои оставаат впечаток како да се движат по површината. Како резултат на соработката на Rashid со италијанските специјалисти создаден е нов вид украси на моделите Vento и Marea, луксузни особено поради уптреба на вистинско злато на декорациите.veno_marea1

veno_marea2

vento_marea3

vento_marea4

Сјајни мијалници Lumiere i Isola Smalllumiere_1

Studio Arius за компанијата Glass Design дизајнираше софистицирано парче на мебел за купатило со кристален мијалник Lumiere. Црната лакирана комода од дрво, опремена е со систем на расвета кја го осветлува мијалникот од дувано стакло и ја потенцира неговата рачно изработена дијамантска шара.lumiere_2

lumiere_4

lumiere_3

Isola Smallisola

LED расвета го осветлува импресивниот мијалник Isola Small на дизајнерот Alessandrо Lenard, направен од дувано Мурано стакло, кој станува уште еден светлосен извор и впечатлив елемент во било кое купатило.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top