Насловна / Вести / Мега град вреден 500 милијарди долари, исклучиво со обновливи извори на енергија

Мега град вреден 500 милијарди долари, исклучиво со обновливи извори на енергија

Владата на Саудиска Арабија има амбициозен план за зајакнување на својата економија, кој вклучува изградба на мега град наречен „НЕОМ“. Овој град чија изградба се проценува на околу 500 милијарди долари, треба да ги поврзе Јордан, Египет и Саудиска Арабија, додека целокупната инфраструктура ќе се напојува исклучиво од обновливи извори на енергија.

NEOm 2

 

Градот ќе се простира на површина од 26.500 квадратни километри и ќе биде 33 пати поголем од Њујорк. Главната цел на НЕОМ ќе биде намалување на зависноста на Саудиска Арабија од увоз на фосилни горива. Првата фаза од изградбата на овој град се очекува да биде завршена до 2025 година.

NEOM 1

Испрати коментар

Scroll To Top