Насловна / Вести / Мебелот на „Икеа“ како полнач за мобилни

Мебелот на „Икеа“ како полнач за мобилни

ikea vajrles (6)

„Икеа“ – шведскиот гигант за производство на мебел, ќе биде првиот што ќе лансира сет од маси, бироа и ламби што безжично ќе полнат телефони и други апарати.

Новата колекција ќе употребува Qi безжична технологија за да ги наполни со електрична енергија апаратите ставени врз мебелот.

„Преку истражување и посети во домовите на потенцијалните купувачи, сфативме дека луѓето мразат кабли. Тие се грижат за тоа како да го најдат полначот или дека ќе останат без струја во мобилните“, вели менаџерот за осветлување и безжично полнење, Jeanette Skjelmose.ikea vajrles (5)

„Нашите нови иновиативни решенија, како интегрирано безжично полнење преку домашниот мебел, ќе го направи животот дома поедноставен“, додава таа.

Новата линија мебел ќе се најде на пазарите во Европа и Северна Америка во април, велат од „Икеа“.

ikea vajrles (4)

Повеќето смартфони сега имаат вградено Qi безжично полнење, што им овозможува да бидат наполнети со електрична енергија од кој било Qi полнач. Идејата е да се избегнат полначите наменети само за еден модел телефони.

ikea vajrles (3)

Место тоа, мобилните може да се наполнат со помош на Qi charging pads кои работат на принцип на магнетни полиња, а корисниците ќе ги полнат телефоните со едноставно ставање на апаратот врз нив.ikea vajrles (2) ikea vajrles

„Икеа“ е првиот производител на мебел што ќе вгради вакви полначи во својот мебел.

Starbucks веќе инсталира безжични централи за полнење телефони во дел од американските кафулиња. McDonalds, исто така, работи на сличен систем.

Испрати коментар

Scroll To Top