Насловна / Архитектура / Мартин Гулески – автор со целосна посветеност на архитектурата

Мартин Гулески – автор со целосна посветеност на архитектурата

andrej damjanov 2015 (6)

Архитектот и професор Мартин Гулески е дваесет и шесттиот лауреат на наградата „Андреја Дамјанов“, која ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Наградата на професорот Гулески му е врачена за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството во Македонија.

Свеченоста на доделување на наградата се одржа вчера во црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“ во Скопје.

andrej damjanov 2015

Пред многубројните гости за творештвото на Гулески говореше претседателката на ААМ Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ која истакна: „Творештвото на Гулески во сите области се одликува со многу труд, умеење, вештина, знаење, рационален ум и чувство за простор. Јазикот на кој говори, без разлика дали е преку цртеж, макета, проект или зборување, е јасен, чист, точен, издржан и прецизен.andrej damjanov 2015 (7)

Според  Раѓеновиќ-Јовановиќ, впечатокот што го остава професорот Гулески кај студентите е многу значаен. Белегот што го оставил во архитектонската школа е незаменлив, единствен и препознатлив.

Образложувајќи ја одлуката на Комисијата за доделување на наградата „Андреј Дамјанов“ за 2015 година, нејзиниот претседател архитект Вера Ќосевска ги нагласи сите значајни професионални карактеристики зад кои стои потписот на архитектот Мартин Гулески.andrej damjanov 2015 (8)

„Пред нас се обелодени богатото и обемно творештво на една исклучително сестрана личност. Пред нас го имавме творечкиот опус на почитуван и талентиран творец, архитектот Мартин Гулески. Неговото творештво е создадено врз три основни, наизглед различни, но всушност, меѓусебно поврзани дејности: архитектонското проектирање и истражување, педагошката дејност и општествено-јавниот ангажман“.

andrej damjanov 2015 (16) andrej damjanov 2015 (15)

Според Ќосевска, без претерување може да се каже дека професорот Мартин Гулески е еден од оние педагози преку кои се препознава една образовна институција.

„Кај Мартин Гулески, како и кај сите вистински учители по архитектура не постои поделеност меѓу проектот, исказот, цртежот и творбата, туку тие претставуваат единствена целина и потврда за целосна посветеност на архитектурата“, истакна претседателот Вера Ќосевска.andrej damjanov 2015 (12)

Паралелно со неговото архитектонско творештво и педагошкиот ангажман  каде што бил и продекан за настава на Архитектонскиот факултет во Скопје, архитектот Мартин Гулески е почитувана општествено ангажирана личност.

Со неговата публицистичка дејност е присутен  во списанијата „А“ и „AIU“, член на издавачкиот совет на списанието „Аршин“ и активен член во ААМ. Како резултат на неговата богата професионална биографија, извонредна личност со највисоки морални квалитети и неговото добро познавање на Република Украина (каде што студирал и дипломирал), во 2003 година беше назначен за амбасадор на Република Македонија во Република Украина.andrej damjanov 2015 (10) andrej damjanov 2015 (11) andrej damjanov 2015 (9)

Заблагодарувајќи се на наградата, архитектот Мартин Гулески изјави: „Јас чувствувам една потреба да се заблагодарам на сите мои учители, почнувајќи од прво одделение до последниот професор што ми беше на факултет. Меѓутоа за свои учители, јас ги сметам и сите оние со кои што сум работел.

Испрати коментар

Scroll To Top