Насловна / Вести / Малиот број жени во енергетиката, ја кочи борбата против климатските промени

Малиот број жени во енергетиката, ја кочи борбата против климатските промени

Кетрин Мичел, професор по енергетска политика на Универзитетот во Ексетер (Велика Британија), укажува дека недостатокот на жени на работни места во енергетската индустрија, ги кочи напорите на овој сектор во борбата против климатските промени. Зад неа се над 30 години искуство во советување на владите, регулаторните тела и компаниите од областа на енергетиката.

Како еден од водечките експерти од областа на енергетиката, таа смета дека доминацијата на мажите во енергетската индустрија, а особено на значително повозрасните белци, претставува кочница за енергетската транзиција. Притоа, Мичел признава дека не треба да се зема „здраво за готово“ дека жените се попрогресивни во решавањето на енергетските проблеми, но нагласува дека во „конвенционалните“ секторски сегменти – производството на електрична енергија од фосилни горива, мажите се позатапени во споредба со нивната застапеност во „зелените“ иновативни компании.

Во речиси 1/3 од вкупно 89 компании во Велика Британија, жените не учествуваат во работата на одборот на директори, а отсуствуваат и од настаните кои се важни за енергетиката, или пак имаат одвај една претставничка. Осаменоста на жените во машкиот свет на конференциите, најдобро се илустрира преку ситуацијата во која се нашла Фелисити Џоунс, партнер во компанија за обновливи извори на енергија. Имено, еден од учесниците на конференцијата побарал од неа кафе, помешувајќи ја со персоналот задолжен за послужување. Покрај тоа, се смета дека ниту сексуалното вознемирување не е реткост.

Се очекува за одредени промени да придонесе и конференцијата Women4Climate која се одржува на 26ти февруари во Мексико.

women in energy 1

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top