Насловна / Екологија / Македонија сè уште нема производи и услуги со еколошка ознака

Македонија сè уште нема производи и услуги со еколошка ознака

ecolabel_logo
Во земјава нема производ и услуга кои се означени со македонската еколошка ознака востановена во 2006 година и покрај тоа што во 2005 година се донесени критериумите за еколошкото означување на осум групи производи (детергенти за рачно миење садови, сапуни, шампони за коса, бои и лакови кои се употребуваат во затворени простории, обувки, текстил, мебел, хигиенска хартија и за туристичко сместување), соопшти на прес-конференција во Стопанска комора раководителката на секторот за ЕУ во Министерството за животна средина и просторно планирање, Јадранка Иванова.

Еколошкото означување, вели Иванова, е доброволно, но компаниите не размислуваат за придобивките од означувањето во однос на подобрување на конкурентноста, рејтингот и имиџот на производот и улугата. Трошоците за исполнување на критериумите за еден производ варираат и се во зависност од постојната состојба на производот и потребата за негова модификација, како и од другите критериуми што треба да се исполнат за да се добие сертификат. За разлика од Македонија, каде што нема интерес за еколошко означување, во Европската Унија до 2012 година се сертифицирани повеќе од 17.000 производи, а околу 1.300 компании добиле лиценца да ја користат еколошката ознака на своите производи, група на производи и услуги.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top