Насловна / Вести / Македонија не ги искористи ЕУ фондовите за санација на колекторскиот систем на Охридско Езеро

Македонија не ги искористи ЕУ фондовите за санација на колекторскиот систем на Охридско Езеро

Околу 400 милони евра од вкупно 660 милиони предвидени во фондовите од ИПА1 програмата на ЕУ наменети за Македонија останаа неискористени поради слабиот капацитет на државните институции, бизнис секторот и невладините организации, пишува OhridNews.

Меѓу нереализираните се и неколку капитални проекти како што е колекторскиот систем на Охридското Езеро. Во моментов се прават напори за релокација на средствата од пропаднатите проекти во други сектори, но тоа оди многу тешко и речиси е невозможна мисија посочуваат стручњаците од граѓанскиот сектор.Ohrid

За да се подобрат капацитетите и искористеноста на претпристапните фондови од ИПА 2 програмата во 2012 година започна вмрежување на граѓанските организации чија цел е врз основа на искуствата од ИПА1 програмата да се создадат механизми кои на апликантите ќе им помогнат да креираат одржливи проекти кои ќе ги задоволат строгите технички барања на ЕУ. Во спротивно неискористените средства ќе бидат пренасочени кон друга земја која ќе покаже подобри капацитети, предупредува граѓанскиот сектор.

За тоа како најдобро да се искористат европските пари од ИПА 2 програмата за Македонија (период 2014 – 2020) во која се предвидени 660 милиони евра за 8 области, во Охрид разговараат 160 граѓански организации и претставници на владата и ЕУ на годишната средба на ИПА 2 механизмот.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top