Насловна / Вести / Македонија каска со реформите во енергетската ефикасност

Македонија каска со реформите во енергетската ефикасност

Energetska efikasnost sega

“Енегетска ефикасност…Сега! Преземете нешто за потопли домови,
локални работни места и почист воздух!„

Излезе новиот извештај на СЕЕ СЕП мрежата, во која се македонските организации Аналитика, Еко-свест и Фронт 21/42. Идејата на документот е да презентира зошто е важно да се имплементираат Директивите на ЕУ поврзани токму со енергетската ефикасност.
На подобрувањето на енергетската ефикасност се гледа како на катализатор за решавање на многу економски и социјални прашања. Тоа создава позитивни влијанија за голем број на заинтересирани страни, на повеќе нивоа во општеството. Преку обезбедување на поголема енергетска безбедност, поголемата енергетска ефикасност им помага на бизнисите во конкурентноста – вклучувајќи ги и малите и средни претпријатија, ги намалува сметките за електрична енергија на потрошувачите и го намалува локалното загадување. Важно е да се разбере дека подобрена енергетска ефикасност не е цел сама по себе, туку средство за доаѓање до целта.
best house

Постојат неколку факти, кои ја потенцираат важноста на решавањето на тоа колку енергија се троши во регионот. Дел од нив се:

• Речиси 50% од потрошената енергија во регионот се конзумира во секторот згради. Индустрискиот и транспортниот сектор исто така се големи потрошувачи.

• Регионот е значаен увозник на фосилни горива и има голема увозна зависност. Увезува повеќе од три пати од она што го произведува!

• „Енергетската ефикасност нуди голем потен- цијал за задоволување на идните потреби за енергија, без прибегнување кон маргинални и штетни извори на енергија. Во развиените земји, таа веќе е најголем извор на „новиот“ начин на снабдување со енергија.

•  Повеќе од 500 милиони евра остануваат неискористени поради недостаток на соодветни механизми за испорака за поврзување на локалните проекти за енергетска ефикасност со расположивите финансиски средства.
energetska efikasnostobuka2

Што се однесува до Македонија, Извештајот вели дека Македонија беше најнапредна не само во транспонирањето на правото на Европската Унија, туку и во ефективното справување со реформите во енергетиката. Меѓутоа, во последните неколку години, стапката со која се спроведуваат реформите е намалена. Исто така Стратегијата за Енергетска ефикасност предвидува цел од 9% заштеда на енергија во крајната потрошувачка на енергија во однос на просечната потрошувачка на енергија во земјата во периодот 2002–2006 година заклучно со 2018 година што се смета за доста ниска и конзервативна бројка знаејќи го можностите за заштеди.

Целосниот извештај на македонски е достапен на: http://analyticamk.org/images/Files/Report-Energy-Efficiency-Just-Do-It_mk_b4793.pdf

Испрати коментар

Scroll To Top