Насловна / Хортикултура / Магичната приказна за дворецот Кекенхоф

Магичната приказна за дворецот Кекенхоф

Кога во Холандија ќе се спомне градот Лисе, тоа најчесто се поврзува со лалето. Се наоѓа на половина час оддалеченост од Амстердам. Самото место и неговата околина претставува еден од најстарите производители на лале, бидејќи почвените и климатските услови се многу погодни за прекрасните луковичести цвеќиња. Гледано од птичја перспектива тие изгледаат како пространи цветни килими во најразлични бои.
1
Близу до Лисе се наоѓа месноста Кекенхоф, каде што секоја година од април до мај се одржува најголемата цветна изложба. Имено, станува збор за дворец, кој е познат и како „Дворот на Европа“ или „Европска градина“ и е најголемиот цветен парк во светот. Се простира на површина од повеќе од 30 хектари, а секоја година се садат повеќе од пет милиони цветови.
ll1210188991 keukenhof-ff14

ИСТОРИЈА

Кекенхоф е изграден во 15 век, на површина од тогашните ловишта. Првенствената намена му била да претставува извор на билки кои се користеле во кујната на грофицата Жаклин од дворецот  Хајнат. По нејзината смрт, богатите трговци го презеле имотот и оттогаш паркот променил повеќе сопственици.
6
Денешната форма градината ја добила во 1949 година од страна на тогашниот градоначалник на градот Лисе. Идејата била да се направи изложба од цвеќиња, каде што одгледувачите од цела Холандија и Европа ќе можат да ги покажат своите хибриди.

АТРАКЦИЈА

Денес во дворецот може да се сретнат четири градини низ кои може да се види целокупната историја и традиција на одгледувањето на лалето во Холандија. Дворецот е отворен за посетители преку целата година, но најдоброто време во годината за посета на овој дворец е април или мај, кога цвеќињата се во полн цвет. Фантастични групации од лалиња, зумбули, нарциси, каранфили, примули, и многу други видови на цвеќиња во текот на овие два месеци буквално ќе ве опијат со својот огромен спектар на бои и благите мириси.
3
Изложувачите што учествуваат во уредување на дворецот се дел од холандските производители кои во моментов бројат околу 90. На секој производител  му се доделува определена површина за декорирање. Тие површини се со најразлични аранжмани, па затоа нема ни едно катче кое е слично на друго. Дури се оди и до таа мера што секоја година одредена површина е различно уредена од претходната година.
5
Кекенхоф е една од главните туристички атракции во Холандија, која прима повеќе од 700 илјади посетители годишно. Тука може да се сретнат нови хибриди на цвеќиња, алеи во должина од 15 км, ресторани, музички претстави, театар, со што ги задволува вкусовите и на најпребирливите. За оние што сакаат да ги видат прекрасните цветни аранжмани треба да ја посетат опсерваторијата во рамките на дворецот од каде глетката и доживувањето се неповторливи.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top