Насловна / Ентериери / Луксузна куќа во Нотинг Хил

Луксузна куќа во Нотинг Хил

Сместена во елитна област на Лондон, оваа куќа од 340 квадратни метри е новиот дом на еден млад брачен пар.

Според проектното биро Guy Stansfeld Architects, a под диригентска палка на фирмата Maddux Creative, луксузно опремената куќа на Нотинг Хил е целосно реновирана и адаптирана на современите трендови, особено во однос на намалување на потрошувачката на енергија. Сепак, она што го прави овој проект интересен е мошне луксузниот ентериер.луксуз во лондон (5)

Почнувајќи од раскошната дневна соба, преку огромната кујна и трпезарија, па се до спалните соби и винарската визба, се во оваа куќа до најмалиот детаљ е внимателно дизајнирано. Внатрешноста е исполнета со различни материјали и смели комбинации на бои, кои освојуваат на прв поглед.луксуз во лондон (9)

Куќата на четири нивоа поврзана е со централни бетонски скалила, пишува Freshome. Во подрумот може да се ужива во вино, на приземјето се наоѓа богато опремена дневна соба со трпезарија и кујна, а на првиот кат се спалните соби, додека на кровот е зелена оаза за релаксација.луксуз во лондон (3) луксуз во лондон (2)

Допирот на луксузот и фантастичните завршни обработки е присутен на секој чекор. Почнувајќи од дневната соба со необични скулптури, преку спалните соби исполнети во свила, па се до винарската визба реализирана со материјал од даб.луксуз во лондон (8) луксуз во лондон (7) луксуз во лондон (6) луксуз во лондон (4) луксуз во лондон (1)

Испрати коментар

Scroll To Top