Насловна / Арт и дизајн / Луксузен сандак од соништата

Луксузен сандак од соништата

Славеничката колекција на дизајнерскиот бренд на модни додатоци Jimmy Choo ја претстави новата колекција проследена со т.н. луксузен сандак од соништата.sanduk_3

Така, во чест на две децении од постоењето на модната сцена, овој дизајнерскиот бренд на модни додатоци се претстави со славеничка Memento колекција исполнета со фантастични чевли и чанти кои ќе ги воодушеват сите вистински заљубеници во модата.sanduk_1

Оваа блескава колекција на модни додатоци составена е од шик сандали од кои некои се украсени со рачно сошиена монистра, чипка, но и со Сваровски кристали, а тука се и металик платформите како и препознатливите clutch торбички со акцентирани сегменти и некои други атрактивни мотиви.sanduk_2

За да ја одбележат 20-годишнината, креативната директорка Sandra Choi го дизајнирала т.н. „свети грал“, односно своевиден Memento сандак од соништата со мини фиоки во коишто се сместени сите овие дизајнерски чевли на еден достоинствен и елегантен начин.

Испрати коментар

Scroll To Top