Насловна / Архитектура / ЛЕГО куќата во Данска отворена за јавност

ЛЕГО куќата во Данска отворена за јавност

LEGO

Долго очекуваната „LEGO House“ во Данска на компанијата firme Bjarke Ingels Group (BIG) официјално е отворена за јавноста.

Lego-kukja-dn

Изградена е во малиот град Billund, каде што е измислена легендарната лего коцка. „House of the Brick“ е единствен простор кој ветува врвно искуство во рамките на изложбата, авантуристичките зони, но и архитектонските решенија од лего коцки, ресторани и јавни простори.

LEGO-kukja-Danska

Во рамките на „LEGO House“ се наоѓаат 25 милиони лего коцки, и биле потребни четири години за да се изгради. „LEGO House“ содржи 12.000 квадратни метри и очекувањата се дека ќе има 250.000 посетители годишно. BIG навистина создала неверојатна градба налик на играчка, односно сложена масивна пластична лего коцка.

Lego kukja enterier

Зградата содржи јавно достапни простори, како тераси, плоштад, продавници и ресторани. Но, за авантуристичките зони кои го чинат јадрото на овој објект, во „LEGO House“ се наплатува влезница.

LEGO_House_BIG

Авантуристичките зони опфаќаат две изложбени подрачја и четири подрачја за игра поделени во две зони со различни бои, при што секоја боја симболизира посебен аспект на играта и учењето. Црвената е за креативните способности, плава за когнитивни, зелена за социјални и жолта за емоционални.

Lego kukja eksterier

„Долги години имав сон да создадам вакво нешто“ вели сопственикот  на LEGO, Кристијансен кој е припадник на третата генерација сопственици на овој бренд.

Lego kukja eksponati

Lego kukja igracki

LEGO kukja izlozba

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top