Насловна / Вести / Ларва од гасеница јаде пластика

Ларва од гасеница јаде пластика

Секоја година во светот се произведуваат околу 80 милиони тони полиетилен. Научниците открија ларва која јаде полиетилен – една од најпознатите резистентни вештачки материјали, која многу се користи за пакување, соопшти АФП.

Откритието дава надежи за брза биодеградација на овој загадувач, кој многу се акумулира во животната средина, особено во океаните. ларва2

Ларви на восочниот молец (Galleria mellonella) се одгледуваат индустриски за мамци за риболов. Во природна средина тој е паразит во пчелните кошници.

Федерика Бертокини од шпанскиот национален истражувачки центар во Барселона покажа дека во торбичките од полиетилен, во кои ги поставила восочните молци, многу брзо има дупки. Последните истражувања со торбички кои се користат во трговската мрежа во Велика Британија покажаа дека ларвите се способни да разградат една пластична кеста за помалку од еден час.ларва1

Дупките почнуваат да се појавуваат само по 40 минути. Ова темпо е исклучително брзо во споредба со другите слични наоди.

Сегашната користена технологија за разградување полиетилен користи многу корозивни производи, како азотна киселина, и трае со месеци. Ако такви кеси бидат фрлени во природа, за разградување ќе бидат потребни 400 години.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top