Насловна / Ентериери / Култ Дизајн: уникатни кујни и интересни парчиња мебел

Култ Дизајн: уникатни кујни и интересни парчиња мебел

На овогодишниот Саем за мебел, посетителите ќе имаат можност да го посетат штандот на архитектонското дизајн студио Култ Дизајн, кое за своето претставување подготви богKult Designата програма и понуда на уникатни европски кујни и парчиња мебел.

Благодарение на Култ Дизајн официјално со започнувањето на Саемот на македонскиот пазар достапни стануваат добро познатите италијански кујни на производителот Arredo3, кои во Европа важат за едни од најквалитетни функционални кујни, изработени со најмодерните БЛУМ механизми. Кујни поделени во две линии: модерни и традиционални во кои и најпребирливите ќе го пронајдат својот фаворит.

Покрај кујните од италијанскиот бренд, она што дефинитивно ќе го привлече вниманието на посетителите се уникатните парчиња мебел како интересни фотелји, масички со интересен дизајн, изработени и дизајнирани од тимот на Култ Дизајн, a тука секако ќе биде и богатата понуда на најновите модели на тапети, завеси, теписи од познати светски и европски производители. Љубителите на австриските кујни со посета на штандот на Култ Дизајн во хала 3А, ќе  може да ги погледнат и најновите модели на брендот DanKuchen.Kult dizajn 2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top