Насловна / Архитектура / Куќа во градина

Куќа во градина

Куќата проектирана во 2016 година од архитектонското биро RS Sparch се наоѓа во Атина, Грција. Се простира на површина од 240 квадратни метри, опкружена со прекрасна природа.1

9

Ова е куќа во тајна градина, куќа во сопствен свет, отворена за природата иако е опкружена со густата урбана структура на Атина. Сокриена зад стеблата, куќата ја прифаќа градината, ги интегрира своите бои, сенки и со текот на времето се менува. Линеарниот базен ја нагласува геометријата.

2

Градината влегува во куќата низ прозорците, го поврзува предниот дел со задната страна. Природата е доминантна.
Куќата се состои од бетонска основа и бела, метална конструкција „греда“, линеарно проектен „мост“ кој балансира на основата, а неговите преклопени краеви се отворени за погледот. Создадена е јасна разграниченост помеѓу повеќе јавните и приватни простори. Во бетонската основа сместени се просториите за дневен боравок, додека на белиот „мост” се сместени спалните соби.

17

 

Отворањето на внатрешноста од двете страни овозможува поглед на градината кој ја преплавува внатрешноста. Програмата е едноставна: дневна соба и кујна на приземје, две спални соби на горниот кат што се отвораат кон зелен покрив и теретана, гостинска соба и простор за утилити сместен во подрумот. Црните метални скали кои ги поврзуваат сите три нивоа се развиваат како геометриски „цвет” и станува референтна точка.

16

 

Двата главни ката визуелно се поврзани преку стаклен под, а светларникот на врвот внесува природна светлина.
Бели ѕидови за колекција на слики на сопствениците, дрвени подови, црни алуминиумски прозори, црн метал и транспарентно стакло, вртлива врата на огледало кое ја разделува дневната соба од кујната. Рефлексии, неочекувани погледи на градината преку хоризонтални процепи на бетонската конструкција, уште една во кујната, поглед на дрво врамено во прозорец во дневната соба. Нобработен армиран бетон со видливи траги на оплатата за главната конструкција. Галванизираната челична врата и оградата ја крјат куќата од улицата. Куќата сега може да се предаде на градината.

11

3

6

4

7

10

8

Испрати коментар

Scroll To Top