Насловна / Градежништво / Куќа од 240 тона префрлена со брод на местото на поставување

Куќа од 240 тона префрлена со брод на местото на поставување

куќа од 240 тона_3

Префрабикувана куќа од 240 тони со брод е префрлена на местото на поставување.

Холандските архитекти Tim Piet и Jos Blom испроектирале куќа која е направена во фабрика, и која по пат на нарачка се испорачува на домашна адреса.

куќа од 240 тона_4

Куќата тешка 240 тони е направена од бетон и челична обвивка која е заварена, и која ја претвора во компактна целина. Со проектот е предвидено куќата да биде изведена со прецизни градежни методи за да се направи челична обвивка која е водоотпорна. Долниот кат на куќата треба да биде целосно вкопан, а во него треба да се најдат три соби.

куќа од 240 тона_2

Куќата е подигната на брод со помош на два најголеми крана во Холандија, а потоа транспортирана до бреговите на езерото Pikmeer, каде што е и поставена.

Во приземјето се дневна соба, трпезарија и кујна. На катот се спални соби со бања, додека во подрумот се сместени гостинските соби.

Процесот на транспортирање траел два дена.

куќа од 240 тона_1

Испрати коментар

Scroll To Top