Насловна / Вести / Куќа на Пабло Ескобар станала арт хотел

Куќа на Пабло Ескобар станала арт хотел

По големиот успех на серијата на Netflix насловена како Narcos, интересот за животот на водачот на картелот од Меделин се зголеми уште повеќе. Покрај тоа што бил еден од најуспешните во историјата, Пабло Ескобар водел и живот достоен за сценарија за акциони филмови. Неговата сопственост се брои во милијарди долари, а вклучува и многу недвижнини. Таква една се наоѓа и во мексиканскиот Тулум, а неодамна стана арт хотел каде што ќе можат да уживаат голем број на посетители. ескобар_12

Трговецот и колекционер на уметнички дела Лио Малка одлучил имотот наречен Casa Malca да го преуреди и да го исполни со дела од неговата извонредна колекција. Оваа резиденција била напуштена кратко време по смртта на Ескобар во 1993 година и повторно е откриена десет години подоцна. Откако се врати на оригиналниот сопственик, Malca одлучил да се купи и да започне нов бизнис.ескобар_11

Хотелот има пет ѕвезди, а уреден е според највисоките дизајнерски и естетски стандарди. Се состои од девет соби и нуди лесен пристап до плажа која се протега на површина од околу 200 метри. Со оглед на фактот дека хотелот навистина изгледа импресивно и зад себе има возбудлива историја, нема сомнеж дека постојано ќе бара соба повеќе.ескобар_10 ескобар_09 ескобар_08 ескобар_07 ескобар_06 ескобар_05 ескобар_04 ескобар_03 ескобар_02 ескобар_01

Испрати коментар

Scroll To Top