Насловна / Ентериери / Куќа изградена од стари телефонски столбови

Куќа изградена од стари телефонски столбови

instagram_ny_1_of_8

Една британска двојка сака да ја изгради својата куќа од сон во зелен малезиски рај опкружен со оризови полиња. Желбата ја реализирале со помош на луѓето од архитектонското студио WHBC од Куала Лумпур, кои одлучиле да дизајнираат типична малезиска дрвена куќа, но со употреба на користени дрва и стари телефонски столбови!

instagram_ny_3_of_8
Изградбата на куќа од користено дрво е честа појава во Малезија, а бидејќи клиентите сакале да употребат дрво, архитектите одлучиле да искористат стари телефонски столбови од полно дрво, кои претходно го издржале тестот на носивост.instagram-ny-2-of-8
Модерниот призвук во контекст на дрвото претставува поплочениот простор на горниот кат и деталите од темен челик од кои се направени и вратите и прозорците. Во приземјето, кое заради бетонскиот под има индустриски изглед, се наоѓа кујна со стаклени лизгачки врати, а неколку чекори понатаму сместени се базен и лежалки. Заради начинот на градењето, куќата има природна климатизација и затоа престојот тука е удобен, дури и за време на летните горештини.timber instagram_ny_8_of_8 instagram_ny_6_of_8 instagram_ny_5_of_8 instagram_ny_4_of_8

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top