Насловна / Архитектура / Крушево 2017 – Истражувачки проект на ФАД / УАКС и општина Крушево: „Young @ heart & Простор на слобода“

Крушево 2017 – Истражувачки проект на ФАД / УАКС и општина Крушево: „Young @ heart & Простор на слобода“

Соработката помеѓу Факултетот за архитектура и дизајн и општините во Македонија е повеќегодишна практика, вклучена во образовниот процес на додипломски и постдипломски студии. Преку дефинирање, истражување-анализа и реализација на проекти, студентите, во зависност од годината на студии и предметната област, длабоко навлегуваат во реалните потреби и потенцијали на предметниот град. Финалниот производ се идејни проекти кои се презентираат и подаруваат на Општината. Тие се визии за иден општествен и економски развој на градот во контекст на современите одржливи принципи на урбаниот макро и микро план.krusevo-02

Градот Крушево, еден од незаборавните предели на Македонија, со семестралниот проект под име „Young @ heart & Простор на слобода“ е тема на студентите од шестиот семестар на додипломски студии по предметот Проектирање на објекти за колективно домување (доц. м-р Виолета Бакалчев). Темата е актуелна: Како да се одговори на потребите на третото животно доба денес? Од една страна е глобалното стареење на светската популација, но од друга страна се поизразитата различитост на потребите поврзани со различните социо-културни модели? Дали е одговорот само прашање на квантитет или обнова на личносниот однос кон староста? Како на децата од Крушево да се понуди Простор на слобода? Каков е прототипот на детска градинка во 21 век?

krusevo-03

Проектот на интегративното живеење треба да овозможи заживување на делот од градот, како еден животен простор со силен препознатлив карактер. Обединувачкиот простор на новопроектираниот комплекс и блиското соседство се зелените површини проектирани со чистата  функционалност, хуманата скала, богата палета на активности и стимулативен избор на бои (не е битна големината, колку што е мноштвото на искуства кои ги нуди).

Визитинг професорот на ФАД, архитектот Винко Пенезиќ, од архитектонското биро „Пенезиќ & Рогина“ од Загреб, Хрватска, ја водеше архитектонската работилница со студентите во период од 2 до 7 април. Во прилог се неговите видувања на текот и резултатот од исклучително работната недела: „Неочекувано спојување на толку различни две програми, како што се дом за стари и детска градинка во единствена проектна задача за студентите од VI семестар, духовито наречен „Young @ heart & Простор на слобода“, така изгледа само на прв поглед. Имено, се работи за истражување на можната интеграција помеѓу двете генерации, денес актуелна тема, со оглед на загрижувачко демографско стареење на популацијата во повеќето од западноевропските земји, од една страна, а од друга страна, негативен прираст со рапидно опаѓање на наталитетот. Заради тоа избор на таква тема за студентска проектна задача е не само потребна туку и задолжителна, за архитектурата да се насочи кон важната животна реалност.krusevo-04

Архитектонската работилница во траење од една недела се случи на средина од семестарот, кога студентите веќе ги имаа дефинирани идејните рамки на своите проекти, но сè уште на време за да се упатат во вистинска насока како до крајот на семестарот би одговориле со успех на поставеното прашање. Работата се одвиваше низ вежби/консултации со студентите (вкупно шест), низ кои постапно се развиваше зададената тема, почнувајќи од дефинирање на основната идеја/концепт на проектот, преку просторна организација и функционална диспозиција на поединечни сегменти и детали, односот кон контекстот и сликата на градот до промислување на идејата за форма и нејзина материјализација низ работен модел и завршна презентација.

Студентите ги поттикнувавме да ги симулираат можните сценарија на користење и спојување на зададените програми во единствен комплекс на двата автономни ентитети, ги дискутиравме типолошките специфичности, ја промислувавме појавноста на објектите како завршен венец на амфитеатралната урбана поставеност на Крушево. Ги споредувавме визурите „од објектот“ и „кон објектот“, поврзаноста со непосредната градска структура, како и со амбиентот на парк-шумата над него.

Тргнувајќи од еднаквиот третман на затворените и отворените простори, особено внимание е посветено на надворешниот простор во функција на игра и едукација, односно прошетка и релаксација на сите корисници. Откривајќи ја трагата на создавање нова урбана парадигма, во студентските трудови се формира цел ланец на богати, диференцирани, според мерките и потребите на корисниците создадени отворени и затворени микроамбиенти. Работилницата заврши со презентација со опис на основниот концепт во максимално времетраење од пет минути.Vinko Penezik i Violeta Bakalchev, Predmetni profesori na rabotilnicata

Студентите ги искористија можностите што работилницата им ги овозможи, и за кратко време значително ги подобрија своите решенија со многу добри прогнози за завршеток на проектот. Учесниците во работилницата Виолета Бакалчев и Нина Карангелеска битно придонесоа за нејзиниот позитивен резултат, со кои како раководител на работилницата остварив одлична соработка и меѓусебно разбирање“.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top