Насловна / Вести / Критична маса #60: „Мојата патека не е паркинг“

Критична маса #60: „Мојата патека не е паркинг“

Денес од 17.30 часот, иницијативата „НаТочак“ најавува нова, 60-та по ред велосипедска „Критична маса“, која ќе започне од плоштадот „Македонија“. Оваа „Критична маса“ ќе ја посветат на окупираноста на велосипедските патеки со возила, но и општо на јавните површини.

„Не можеме целосно да го вело-специјализираме проблемот зашто се прелева (ако пешачката патека е окупирана, пешаците ќе дојдат на велосипедската)… И зашто нашата цел за вело-пријателски град е град поквалитетен за живот за сите, а такво нешто не е возможно со блокирани тротоари, окупирани пешачки зони, приоди кон влезови итн“, стои во повикот за утрешниот настан.критична маса 60

Инаку, познато е дека освен со т.н. заштитни столпчиња, надлежните досега не најдоа друг механизам за справување со несоодветно паркираните автобили, кои постојано ги узурпираат тротоарите и велосипедските патеки.

Со стотиците возила на несовесни сопственици „кои се враќаат за 5 минути“, Скопје се повеќе функционира како еден огромен паркинг, што се шири, го „јаде“ и окупира целиот слободен јавен простор. Се проценува дека градот примарно е проектиран за 250-300 илјади луѓе, а сега има околу 600-700 илјади жители со свои потреби за движење и транспорт. Со проширени улици, без целосно уредена велосипедска структура и без повеќе јавни транспорни алтернативи, градот се уште претставува монопол за моторизирани возила. Сите останати се маргинализирани и без еднаков третман и можност за движење во окупираниот простор.

Испрати коментар

Scroll To Top