Насловна / Архитектура / Кристален покрив ја краси новата централна железничка станица во Виена

Кристален покрив ја краси новата централна железничка станица во Виена

Новата станица е од клучно значење за транспортниот систем на градот, бидејќи возовите за првпат ќе бидат во можност да се вкрстуваат на едно место.

Работата на швајцарската фирма Theo Hotz Partner Architekten, всушност, е проект за реконструкција на постојната централна станица, кој овозможува овој сообраќаен јазол да стане повеќефункционален но, и архитектонски привлечен. Секако, најинтересен сегмент на станицата од аспект на архитектура е скулптуралната покривна конструкција.виена железничка станица_5

Покривот е изведен од панели кои сјаат, па со прекршување на светлината врз нив се создава кристален ефект.

Покривот се состои од 14 рамки формирани во дијамантска шема, и тие меѓусебно се распоредени во пет реда кои ги следат линиите на железничките пруги.виена железничка станица_6

Благодарение на цик-цак формата, брановите на покривот наизменично се менуваат, а нивните странични делови се транспарентни за да се добие природна светлина во внатрешноста на станицата. виена железничка станица_4

Бирото Theo Hotz Partner Architekten за овој проект минатата година доби признание Architizer A + Awards, за најдобар проект во сегментот на Автобуска и железничка станица, пишува Dezeen.виена железничка станица_3

Денес, оваа станица изгледа спектакуларно, и затоа не треба да се пропушти кога ќе се наоѓате во австрискиот главен град.виена железничка станица_2 виена железничка станица_1 виена железничка станица

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top