Насловна / Ентериери / Креативен стан за креативни сопственици

Креативен стан за креативни сопственици

Овој стан во Украина го красат различни дизајнерски идеи, кои можат слободно да се применат и во друг простор.ukraina-enterier_10

Архитектонската фирма Svoya Studio неодамна го дизајнира овој интересен стан за една сликарка и нејзиното семејство. Проектот на уредувањето на ентериерот е наречен „Shhh…“, и дефинитивно е на исто ниво на креативност како и сопственичката на станот.

Секој дел од просторот го краси друг креативен елемент.ukraina-enterier_09

Интересните текстури, сложените обрасци на подните и ѕидни облоги, како и живописните бои го прават овој стан необичен, пишува Freshome.ukraina-enterier_06

На самиот влез во станот, првиот елемент со кој се сретнувате е вратата во лимон жолта боја, по што следи интересен под, кој од шестоаголни плочки се претвора во дрвена подна облога.

Во просторот со отворен концепт, организирана е дневна соба и кујна со кои доминираат сина и жолта боја. Меѓутоа, веројатно најинтересен детаљ од овој дел од станот е ѕидот изведен од рециклирани тули, поставени во шема позната како „рибина коска“.ukraina-enterier_08

Во останатите делови од станот, две спални соби и две бањи, од студиото Svoya се потрудиле и натаму акцентот да биде на интересни ѕидни облоги но и на елементи кои ги раздвојуваат просторите. Така, во детската соба еден од ѕидовите е направен како училишна табла на која децата можат слободно да ја изразуваат својата креативност.ukraina-enterier_07 ukraina-enterier_05

Со главната спална соба и главната бања, доминира елегантен црно-бел колорит, кој и тука е во комбинација со дрвени површини.ukraina-enterier_04 ukraina-enterier_03 ukraina-enterier_02 ukraina-enterier_01

Испрати коментар

Scroll To Top