Насловна / Архитектура / Конзолна бетонска куќа се гради за рекламни цели

Конзолна бетонска куќа се гради за рекламни цели

Со цел да го промовираат новото Infiniti возило QX80, проектирана е куќа која ќе биде „закачена“ на стрместа карпа во Канада. куќа карпа (2)Марката Infiniti е јапонска дивизија на Nissan, која на овој автомобилски гигант му служи за пласман на луксузни автомобили на светскиот пазар.куќа карпа (3)
Архитектот и основач на OPA и LAAV architects, Laertis Antonios Ando Vassiliou, во јуни 2017 година, бил избран за амбасадор на новото возило Infiniti QX80, што подразбира учество во неколку комерцијални видео спотови. Покрај тоа, архитектот е ангажиран и да дизајнира ексклузивна викендичка на одбраната локација која ќе се користи за промоција за возилото. Резултатот е исто толку импресивен колку и луксузниот Infiniti кој треба да се рекламира!куќа карпа (4) куќа карпа (1)
Од поставената задача, произлезе проект за конзолно бетонска викендичка која ќе биде „потпрена“ на карпа. Овој импресивен објект носи наслов Маралах, како што домородните племиња на оваа територија го нарекувале секого кој/која е роден-а за време на земјотресот, пишува Designboom.куќа карпа (6)
Според проектот, објектот со еден дел ќе биде вкопан во карпа, додека останатиот дел е „препуштен“ врз карпата и во тој дел е организирана спална соба која нуди прекрасен поглед на околната тиркизна река.
Во првиот дел на објектот се наоѓа кујната, а неколку чекори надолу има една спална соба и бања. Наспроти кујната е читална со прекрасен поглед, бидејќи целата куќа е изведена во отворен концепт. Долж просторот за читање бетонскиот ѕид би бил заменет со слоеви од локалниот варовник.куќа карпа (5)
Објектот има релативно мала површина од 45 квадратни метри и дополнителни 20, кои ќе служат како резервоар за вода.
Според презентираниот проект, се планира да се изработи од бетон, во комбинација со стакло и челик во завршна мат црна боја.

Испрати коментар

Scroll To Top