Насловна / Архитектура / Контраст на екстериер и ентериер

Контраст на екстериер и ентериер

Во станбената зона Summerhill што се наоѓа во мирен крај на Торонто, врз основа на проект на архитектонското студио AKB предводено од архитектите Robert Kastelic и Kelly Buffey, изградена е модерна и функционална куќа за брачен пар со мало дете.
Новиот дом со површина од 360 квадратни метри ги користи темелите и страничните ѕидови на претходната куќа на истиот плац, а во однос на оригиналниот објект е само малку проширен.торонто (16)
Архитектите ја организирале станбената програма на четири нивоа со цел да се зголеми и максимално искористи просторот. Балансот меѓу приватноста и отвореноста е постигната така што куќата од уличната страна е доста затворена, додека од дворната страна таа се отвора со големи прозорци кои овозможуваат пробив на светлина, но, исто така, и поглед кон блискиот шумски пејзаж.торонто (15)
Храбрата ортогонална геометрија ја дефинира главната фасада на објектот со високи, а тесни прозорци и длабоко вовлечени балкони. Црвените тули и црниот кедар на фасадата се контрастот на светлиот ентериер чиј дизајн се навестува и од улица. Белиот дабов под, светлите нијанси на мебелот и сведената палета на бои доминираат во внатрешниот простор, кои и биле барање на клиентот.торонто (17)
Во приземјето на куќата до влезниот хол со двојна висина, организиран е отворен простор со дневна соба, кујна и трпезарија. Прозорците од подот до таванот во дневната соба ја бришат границата меѓу внатрешниот простор и зелениот двор, со што атмосферата е уште повеќе природна.торонто (14)
На вториот и третиот кат сместена е блокот за спиење со посебни бањи, додека на последниот кат е сместен работен дел со сала за вежбање и оаза за релаксација.
Фасадата изгледа особено интересна ноќе кога се вклучува ЛЕД осветлувањето.торонто (13) торонто (12) торонто (11) торонто (10) торонто (9) торонто (8) торонто (7) торонто (6) торонто (5) торонто (4) торонто (3) торонто (2) торонто (1)

Испрати коментар

Scroll To Top