Насловна / Вести / Конференција „Градовите во доба на климатските промени“ во Виена

Конференција „Градовите во доба на климатските промени“ во Виена

Градот Виена и градското претпријатие Urban Innovation Vienna, организираат конференција „Градовите во доба на климатските промени“  (Cities in the Age of Climate Change) која ќе се одржи на 28-ми ноември 2017 година во главниот град на Австрија. Парискиот климатски договор од декември 2015 година, не е само глобален политички предизвик, туку првенствено се работи за многу амбициозна задача за иднината на сите градови. Иако, многу градови преку своите климатски стратегии ги имаат дефинирано целите во однос на заштитата и адаптацијата од климатските промени, сосема друга работа е овие цели да се организираат и имплементираат, преку политички мерки и преку иновации.

vienna 2

Во фокусот на конференцијата е прилагодувањето на политиките на урбаниот развој на барањата на климатските промени, при што се анализираат примерите на Виена и други градови. Стручњаците од Париз, Хамбург, Стокхолом, Амстердам, Милано, Цирих и Виена ќе ги претстават своите стратегии и проекти на оваа тема, и ќе се анализираат успешните практики и политики, но и ќе се укаже на проблемите и лошите примери.

 

Испрати коментар

Scroll To Top