Насловна / Вести / Компостирање – отпадот како ресурс

Компостирање – отпадот како ресурс

„Отпадот не е проблем, туку на него треба да се гледа како на ресурс, рече на вчерашната завршна прес-конференција директорката на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион“, Жулиета Ѓуркова. На пресот беа презентирани резултатите од проектот „Размислуваме за компостирање-посветени на одржување на органскиот синџир. Проектот се реализира од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Асоцијацијата на Југозападни општини од Република Бугарија.

„Со проектот беа опфатени вкупно 27 општини-десет од Македонија и 17 од Бугарија. Со имплементацијата беа распоредени вкупно 800 компостери во домаќинствата во прекуграничниот регион. Во Југоисточниот регион компостери добија 400 домаќинства, а граѓаните кои добија компостери беа запознаени со процесот на компостирање преку инфо деновите, презентациите како и брошурите за компостирање кои им беа доделени. Беше креирано и емитувано видео за проектот и за компостирањето на регионалните телевизиски станици со цел подигнување на јавната свест и промовирање на придобивките кои луѓето и животната средина ќе ги добијат со компостирањето“, рече  Ѓуркова.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top