Насловна / Вести / Колоритен ентериер на мансарда во стариот дел на Будимпешта

Колоритен ентериер на мансарда во стариот дел на Будимпешта

Стариот стан кој поминал низ голема трансформација, се наоѓа во срцето на Будимпешта. Поради својата локација, нуди фантастичен поглед на некои од обележјата на унгарскиот главен град, како што е Парламентот на Дунав.

Задачата на архитектите од Margeza Design Studio била погледот максимално да се искористи, а  напуштениот стан да дише нов живот.ентериер_09

Зелениот ѕид, стаклените ногарки на клупата, жолтиот мебел и тепих во облик на Будимпешта се главните детали за дневната соба.ентериер_12

Архитектите Маргит и Геза од бирото сместиле во овој стан неколку дизајнерски детали, кои го прават ентериериот крајно необичен и интересен.ентериер_13

Пред се, тука  е впечатливиот и освежувачки колорит, живописните детали, како и големите прозорци кои покрај добриот поглед, овозможуваат многу светлина во поткровјето.ентериер_10 ентериер_11

Еден од најинтересните детали се крие на подот. Имено, таму е поставен рачно изработен тепих во форма на Будимпешта со црвена точка која покажува позицијата на апартманот.ентериер_08 ентериер_07

Дневната соба, покрај жолтата фотелја и необичните подни ламби, го краси и живиот зелен ѕид во ентериерот.

Белиот ентериер со живописните бои во детали дополнителн е збогатена со уште еден материјал – стакло. Ако подобро се загледате во фотографиите, ќе забележите дека клупата до прозорецот стои на стаклени ногарки, додека покрај софата е поставено полукружно стаклено масиче.ентериер_06 ентериер_05

На двете нивоа од овој стан од 110 квадратни метри распореден е пространа дневна соба, две спални соби, како и тераса која обезбедува поглед на реката Дунав. Нивоата се поврзани со скалила, додека просторот испод е искористен за складирање на гардеробер од обоен МДФ со висок сјај. Се разбира, во бела боја.ентериер_04 ентериер_03 ентериер_02 ентериер_01

Испрати коментар

Scroll To Top