Насловна / Арт и дизајн / Ќе се отворат два музеи посветени на големиот Ив Сен Лоран

Ќе се отворат два музеи посветени на големиот Ив Сен Лоран

Некои од најубавите дела на легендарниот француски моден дизајнер Ив Сен Лоран, следната година ќе добијат нов дом, и тоа на два различни континенти – во Европа и Африка, поточно во Париз и во Маракеш. Во прашање се музеи кои ќе се обидат да го прикажат во вистинско светло целокупниот опус на големиот дизајнер, па се планира експонатите да варираат од скици, цртежи, фотографии, па се до конечниот производ – фустан.iv sen loren muzei (3)

Музејот во Париз ќе се наоѓа во преуреден простор, односно во овој простор во моментов се наоѓа Фондацијата Pierre Bergé – Yves Saint Laurent.

После детално реновирање на просторот во кој музејот ќе добие уште поголем изложбен простор, посетителите ќе имаат шанса да се „изгубат“ во творечкиот свет на Ив Сен Лоран подлабоко од кога било.iv sen loren muzei (4)

Од друга страна, Маракеш во кој ќе се отвори вториот музеј, е град кој имал посебно значење во животот и творештвото на Ив Сен Лоран, и вистински го инспирирал.iv sen loren muzei (2)

Музејот на Ив Сен Лоран во Париз ќе се наоѓа на 5 Avenue Marceau, додека музејот во Маракеш ќе биде сместен на улица Yves Saint Laurent, како што и доликува на една ваква институција.iv sen loren muzei

Отворањето на двата музеи, во Париз и во Маракеш, ќе се одржи на ист датум, кој се уште не е познат.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top