Насловна / Вести / Кина планира да креира најголем национален парк во светот

Кина планира да креира најголем национален парк во светот

Кина планира платото Чингхај – Тибет и околните планини да ги претвори во најголемиот светски национален парк, пишува „Саут чајна морнинг пост“.tibet_4

Научниците вклучени во планирањето истакнуваат дека националниот парк ќе покрива голем дел на атономниот регион Тибет и покраината Чингхај, на југозапад од Кина, со вкупна површина од 2.5 милиони квадратни километри, се наведува во написот.tibet_5

Во споменатите подрачја ќе бидат почнати различни испитувања, во кои ќе се вклучат и научници од Кина, Непал и Пакистан, а во написот исто така, се спомнува дека испитувањата на највисоките точки на планетата секако ќе бидат и најголем предизвик во создавањето на овој национален парк.tibet_6

„Саут чајна морнинг пост“, сепак, истакнува дека постојат голем број прашања поврзани со изведливоста на овие планови.tibet_3 tibet_2 tibet_1

Испрати коментар

Scroll To Top