Насловна / Вести / Кина ќе инвестира три милијарди евра во Грција за производство на зелена енергија

Кина ќе инвестира три милијарди евра во Грција за производство на зелена енергија

Три милијарди евра ќе инвестира државната кинеска фирма Shenhua Energy Company Limited во грчката Copelouzos Group, пишуваат тамошните медиуми.

Двете компании ќе бидат партнери за развој на зелената енергија и за еколошката модернизација на постројките за производство на струја во Грција и во трети земји.

Shenhua Energy Company Limited е најголемиот производител на јаглен во светот и еден од најголемите производители на енергија во Кина како од конвенционални, така и од обновливи извори. Copelouzos Group е една од најголемите инвестициски групи во Грција во секторот на енергетиката и инфраструктурата.DEI

„Нашата група верува во зелената енергија и изгледите на Грција. Убедени сме дека соработката со Shenhua Energy Company Limited ќе дејствува како катализатор за склучување на важни инвестиции и ќе ја охрабри енергетската индустрија во Грција. Таа треба да инвестира во зелената енергија и еколошката модернизација на енергетските индустрии“, сметаат Грците.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top