Насловна / Архитектура / Кина го претстави проектот на револуционерниот „град во шума“

Кина го претстави проектот на револуционерниот „град во шума“

Кога зборуваме за Кина, една од првите работи кои се споменува е проблемот на загадувањето на воздухот. Тоа е земја која се стреми кон самиот врв на водечките светски сили во области како што се индустријата и технологијата, но таквата амбиција често остава разорни последици врз животната средина.

Затоа што во големите кинески градови речиси и не може да дише без голема количина на смог, нешто морало да се направи. Проектот Forest City е создаден токму поради оваа причина, а неодамна бил целосно претставен на јавноста.

кина_1

Градот Liuzhou би можел да стане првиот целосно еколошки град кој ќе функционира на принципот на самоодржливост.

Градот ќе се наоѓа по течението на река и ќе зафаќа површина од повеќе од 175 хектари. Ќе има околу 30.000 жители, кои ќе живеат меѓу повеќе од еден милион растенија и 40.000 дрвја, кои ќе бидат во состојба да апсорбираат 10.000 тони јаглерод диоксид.кина_3

Проектот го дизајнирале луѓето од студиото Stefano Boeri Architetti, и истите посочиле дека внимателно се работело за да се осигури максимално искористување на соларната и геотермална енергија.кина_2

Овој потенцијално револуционерен град треба да биде завршен во 2020 година.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top