Насловна / Архитектура / Кенго Кума ќе гради дрвен музеј во Турција

Кенго Кума ќе гради дрвен музеј во Турција

Познатата архитектонска фирма Kengo Kuma & Associates изготви проект за музеј кој ќе се гради во универзитетското место Ескишер во северозападна Турција. Како водач на проектот, архитектот Jуки Икегучи, го презентирал идејниот проект на музејот, кој е составен од разиграно поставени дрвени коцки кои на музејот постепено му ја зголемуваат висината.kengo-kuma

Новиот објект е дизајниран така што стилски се вклопува со околните отомански станбени резиденцијални објекти кои се изградени од дрво.Odunpazari2

Исто така, музејот ќе го одбележи и местото каде што ќе биде поставен, Одунпазари (wood market), на коешто некогаш се тргувало со дрво, пишува Dezeen.

Секоја коцка има различни димензии и се ротира во друга насока. Секоја од нив ќе нуди можност за организирање на мали уметнички поставки, кои ќе имаат интимна атмосфера.Odunpazari

„Ги сложувавме коцките едни на други, со цел да се создаде урбанистичка соодветна архитектура. Коцките се во согласност и по висина со околните куќи, а музејот висински расте кон својот центар, дефинирајќи се како нов културен симбол на областа“, објаснуваат архитектите од познатото студио на Кенго Кума.Odunpazari3

Четири кутии ќе формираат атриум, кој ќе ги поврзува сите нивоа и ќе дозволува навлегување на сончевата светлина. Исто така, светлината ќе навлезе низ празнините меѓу дрвените штици на фасадата.

Овој проект е интересен за нас, бидејќи тој на вистински начин сведочи дека е можно да се вклопи современа архитектура со постојните, историски градби. Почитување на животната средина и културното наследство е клучот за успешно проектирање на нови објекти во историските зони.Odunpazari4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top