Насловна / Вести / Кејот „13 ноември“ ќе стане улица со режим на сообраќај

Кејот „13 ноември“ ќе стане улица со режим на сообраќај

Skopje dalla sera al mattino

На Кејот „13 ноември“ ќе се гради пристапна улица со режим на сообраќај. Одлуката ја изгласаа советниците на Град Скопје. Улицата ќе биде наменета за потребите на новите згради на плоштадот Македонија, но и за тие околу плоштадот. Договорот за изградба на улицата Градот Скопје го потпиша со компанијата „Дивелоп груп“, пишува Фактор.

Според образложението на градот, улицата ќе се гради веднаш до ѕидот на кејот, и е во согласност со деталниот урбанистички план Мал Ринг, донесен од страна на Советот на општина Центар во декември 2012-та година. Проектот го има изработено „Чакар & Партнерс” верификуван од општина Центар лани, а основниот проектот за изградба на улицата, a за атмосферска канализација е верификуван во мај годинава. Пристапната улица ќе се протега од улицата „Филип II“ до зградата на Телеком на плоштад. По овој дел од кејот и сега минуваат возила.

„Друштвото за производство, трговија и услуги Дивелоп Груп Дооел Скопје  достави барање од 11.09.2015 година до Град Скопје. Заедно со барањето Инвеститорот достави и проектна документација при што Градот Скопје утврди дека се во согласност со ДУП и проект за инфраструктура за наведената локација. Изградбата и реализацијата на објектот е во надлежност на инвеститорот Друштвото за производство, трговија и услуги Дивелоп Груп Дооел Скопје. Инвеститорот од член 1 на оваа одлука е должен изградбата да ја изврши на своја сметка, а во име на Град Скопје и по изградбата да го стави во употреба објектот. За реализацијата на овој проект, Градот Скопје нема финансиски импликации во поглед на  изградба на пристапната улица од причини што инвеститорот ја превзема обврската на своја сметка да ги изгради“, се посочува во образложението на Град Скопје.

Оваа пристапна улица првично требаше да биде подземна. Уште во 2008 година од Градот Скопје изјавија дека во градежната дозвола за објектот на „Телеком“, инвеститорот односно „Дивелоп Груп“ беше задолжен за година и пол да ја изгради и пристапната улица.

„Подземната сообраќајница стои во Деталниот план донесен од Општина Центар и е предвидена исклучиво за да може да се стави маркичка на оваа локација. Улицата е неопходна за да има сообраќаен пристап до објектот, без што тој не може да помине на технички прием. Практично, ако инвеститорот не ја направи сообраќајницата, џабе ја гради зградата“,  е ставот на Градот Скопје од ноември 2008 година.

Но потоа следуваа серија измени на ДУП-от Мал Ринг, меѓу кои и таа дека не треба да биде подземна туку надземна пристапна улица, а за изградбата тогаш се обврзаа локалните власти.  Сега изградба на пристапната улица е повторно во рацете на „Дивелоп Груп“.

Компанијата „Дивелоп Груп“ освен по изградбата на зградата на „Телеком“, на јавноста и е позната и како инвеститор на хотелот „Мериот“ што се гради на плоштадот Македонија. Инвестицијата за хотелот е во износ од 37 милиони евра, а хотелот се протега на површина од 20.000 метри квадратни.

7 коментари

  1. Лидија

    Се прашувам, тие што ги договараат и одобруваат овие дилови за да се стави кеш у џеб, каква совест имаат, имаат ли малку срам, осет за другиот, вкус… како им изгледа домот, како се однесуваат во друштво, како се облекуваат, како ги воспитуваат децата и што им е блиско, а што туѓо – кога ова е односот кон нивниот кеј на Вардар. Тие сепак живеат во Скопје. Или можеби го мразат Скопје?

    Како и да е, ова, пред сè, е одраз на сељанштлук. Сељаци.

  2. Александар

    Македонските олигарси се по потекло од Ботун, Велмеј, Ташмаруништа, Куратица, Ново Село… Со други зборови – планински луѓе. Секако дека нивната малограѓанштина, со толку пари, доаѓа до израз. Ни случајно не се сомневам во нивниот невкус, злоба, похлепа. Ништо полошо од сељак на власт, сељак со пари. Олигархијата е меѓусебно поврзана без оглед на партиската припадност. Оттаму, која партија и да е на власт истиве монструми-сељаци, ќе го контаминираат градов и нас во него!

  3. Незнам зошто не си направат до тлеком и до хотелот булевар и по средина на плоштадот, фино лепо утре ке го изменат ДУП-0т за два дена ново барање до дилопет и готово , се по закон.

  4. Ova ne smee da se dozvoli ni pod razno !!

  5. Ni ostanuva protiv ovie ludaci da se borime so TOTALNA gragjanska upornost. Zaedno so GTC da go odbranime i kejot.Vo ova ke moraat najmnogu da participiraat i kafulinjata i restoranite na kejot, vo sprotivno tie ke bidat golemite finansiski gubitnici, a site nie uste ednas izmameni od ludacive na vlast.

  6. ovie ” seljacive” mame ni rasplakaa a uste se na vlast?:))) koj gi glasa samite tie ?? do deka ima glupaci vo Makedonijava ke doagaat vo Skopje da izmisluvaat topla voda lugeto si gi napolnija djepovite, a nie so kusi rakavi ..Оваа пристапна улица првично требаше да биде подземна. Уште во 2008 година од Градот Скопје изјавија дека во градежната дозвола за објектот на „Телеком“, инвеститорот односно „Дивелоп Груп“ беше задолжен за година и пол да ја изгради и пристапната улица.

    „Подземната сообраќајница стои во Деталниот план донесен од Општина Центар и е предвидена исклучиво за да може да се стави маркичка на оваа локација. Улицата е неопходна за да има сообраќаен пристап до објектот, без што тој не може да помине на технички прием. Практично, ако инвеститорот не ја направи сообраќајницата, џабе ја гради зградата“, е ставот на Градот Скопје од ноември 2008 година. prvo pristapot treba da bide obezbeden posle markica za zgradata no nekoi gradat od odjakot nadolu mozebi i vidi im uspealo sega e moralno da se dade pristap zosto ke gi tuzi telekom koj prvenstveno trebal da ima pristap….. parite zemeni odnapred veteno storeno eve ni go sega odpozadi skopjani moi ….

  7. Лидија

    Драг Игоре, никој не гради од оџакот надолу, напротив, со ред се договориле, прво ќе ветиме колку да пројде технички прием, па продади-купи, па после лесна работа. Не се залажувај дека некој тука нешто случајно од оџакот почнал, сите страни убаво си се договориле. Само сепак тие истите треба овде да живеат, а децата овде да им растат.
    И вакви нечесни, навидум градски луѓе, на што ќе ги учат своите деца?

Испрати коментар

Scroll To Top