Насловна / Архитектура / Катедралата Кeричо во Кенија – најсаканиот од сите наградени проекти

Катедралата Кeричо во Кенија – најсаканиот од сите наградени проекти

На 10 март, со поддршка на Советот на град Винчестер, во Еснафската куќа на Винчестер беа доделени 58. по ред годишни награди на организацијата Civic Trust. Преку овие награди се одбележува исклучителната архитектура и проектите во доменот на изградената средина. Оваа година биле пријавени вкупно 247 реализирани објекти за оваа престижна награда, од кои 47 национални и меѓународни проекти биле наградени или со наградата Civic Trust или со „Признание“ (Commendation), а кои ги вклучиле и наградите на Pro-Term за времени проекти или инсталации, и награда за Конзервација (Заштита на градителското наследство) на Регистерот на акредитирани архитекти во конзервација на објекти (Register of Accredited Architects in Building Conservation – AABC).катедрала керичо кенија_4

Дополнително, оваа година пет Специјални награди биле доделени на проекти кои особено се истакнале во специјализирани области. Овде ви го претставуваме добитникот на Специјална награда на Националниот панел.

Членовите на Националниот панел го бираат добитникот на оваа специјална награда од веќе наградените проекти за овогодишната награда. Најсаканиот проект од сите наградени проекти, оваа година е Катедралата Свето срце во Кeричо, Кенија (Sacred Heart Cathedral of Kericho, Kenya), на Џон МакАлсан + Партнерс (John McAslan + Partners) и Триад (Triad). Проектот ги освои срцата на членовите на Националниот панел.катедрала керичо кенија_7

Катедралата Кeричо, која се наоѓа во далечната Кенија 250 километри југозападно од престолнината Најроби, е лоцирана во планиски предел (Highlands) западно од долината Great Rift, што овозможува прекрасни погледи врз плантажите за чај и околните брда. Архитектите успеале да создадат исклучително и свето место каде на верниците им стојат на располагање 1500 седишта за тие да ја следат литургијата под еден огромен кров кој покрива подна површина од 1375 метри квадратни. Кровот на црквата е клучниот елемент на концептот за проект на црквата. Двоводниот кров полека се искачува од влезот кон олтарот во надолжна линија, додека истовремено вертикално во внатрешноста се спушта од врвот кон надворешните ѕидови. катедрала керичо кенија_8

Преку овој пристап во проектирањето на кровната конструкција, проектантите сакале да ја исполнат својата желба да создадат објект кој естетски и функционално, беспрекорно ќе се интегрира во рамките на своето пејзажно опкружување. Катедралата Керичо е завршена во ноември 2015 година, а денес претставува забележителна силуета во брановидната панорама на брдата и долините на Керичо. Внатрешниот волумен под огромниот кров ги поврзува и афричките и црковните историски референци. Внатрешниот простот во катедралата искрено ја искажува конструкцијата на објектот – базата од камен, едноставно артикулираните армирано-бетонски рамки во форма на лаци и ребрастите сводови од дрво коишто исклучително се изарботени. Едноставната палета на објектот, базирана врз природни материјали, ѝ оддава почит не само на вербата туку и на рационалното на оваа рурална заедница во Африка.катедрала керичо кенија_2

При реализацијата на објектот, големо внимание било посветено на вклучување на искусни занаетчии во процесот на изградба, но изградбата била искористена како можност и за подобрување на локалните градежни вештини. Со исклучок на стаклото, што било употребено од страна на уметникот за изготвување на витражи, сите градежни материјали, вклучително со дрвената граѓа користена при изработката на плафонот, вратите, мебелот и ќерамидите за кровот, се локално набавени од локално достапното производство. Гранитот бил донесен од град лоциран јужно од Керичо. Во рамките на објектот бил користен и син камен Најроби (Nairobi Blue Stone). Леснотијата на изградба и искористувањето на постојните ресурси биле клучни определби при изградбата на катедралата, којашто била испроектирана да биде употребувана со скромна потрошувачка на енергија и минимално одржување. Дополнителна определба при проектирањето и изградбата на објектот била да се намали не само потрошувачката на енергија туку и да се намалат идните обврски и трошоци за одржување на објектот.

катедрала керичо кенија_5

Организацијата Civic Trust (www.civictrust.org.uk) е основана во 1957 година од британскиот политичар Данкан Сандис (Duncan Sandys), бивш зет на Сер Винстон Черчил (Sir Winston Churchill) кој се залагал за создавање на подобри места за луѓето да живеат во нив. Наградите Civic Trust (www.civictrustawards.org.uk) се основани во 1959 гидина и претставуваат една од најстарите награди за реализирани објекти во доменот на изградената средина во Европа.

катедрала керичо кенија_3 катедрала керичо кенија_1 катедрала керичо кенија_6

Со благодарност до орагнизацијата Civic Trust Awards за пристапот до илустративните материјали за овогодишните награди.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top