Насловна / Хортикултура / Кактуси – еasy care собни растенија

Кактуси – еasy care собни растенија

Кактусите водат потекло од американските континенти. Денеска се распоространети од човекот во речиси сите земји каде што климатските услови тоа го дозволуваат. Иако важат за видови за кои има мислење дека се типични пустински растенија, тие се многу распространети на различни климатски услови.1

Постојат повеќе од 1.500 видови кактуси. Главно, тие претставуваат бодликави сукулентни растенија, кои добро растат и се развиваат на сушни месторастења.2

Сукулентните растенија имаат месесто и сочно ткиво со способност да апсорбира и задржи поголема количина влага, која растението би ја користело во сушните периоди.4

Корењата на кактусите се доста плитки, зелената боја на стеблото е поради тоа што содржи во себе хлорофил, додека трњата претставуваат модифицирани листови. Тоа што е посебно атрактивно кај кактусите се нивните цветови кои се во многу живописни бои. Кактусите цветаат најчесто во месеците април и мај. Иако имаат доста плитки корења, препорачливо е во овој период од годината да се пресадуваат.6

Поради големиот број на видови кактуси, направени се голем број класификации. Како најсоодветна се смета онаа на германскиот кактусолог Курт Бакберг, според кој, фамилијата на кактуси Cactaceae juss се состои од три потфамилии и тоа Pereskioideae, Opuntioideae и Cereoideae. Во потфамилијата на Pereskioideae се класифицирани дрвја, грмушки и лијани со слабо сукулентни стебла и слабо развиени листови.7

Во оваа потфамилија има два рода и тоа: Pereskia и Maihuenia. Во потфамилијата Opontioideae припаѓаат видови растенија со членести стебла. Обликот може да биде цилиндричен, а лисјата се сочни и шилести. Карактеристично за овие видови е присуството на глохидии кои претставуваат многу тенки боцки собрани во снопови.OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Оваа потфамилија вкучува десет рода и преку 300 видови кактуси, широко распространети низ цела Америка. Потфамилијата Cereoideae ги опфаќа растенијата без лисја и глохидии, но со боцки. Оваа потфамилија е најголема од сите и опфаќа преку 1.000 видови растенија.9

Првите кактуси во Европа се донесени уште во времето на Кристофер Колумбо, заедно со најголемите богатства и најневообичаените растенија за европскиот континент. Кактусите уште на самиот почеток како егзотични растенија предизвикале многу голем интерес, особено кај богатите луѓе, во чии кругови претставувало престиж да се има по некој редок примерок од овие растенија во тоа време. Според одредени записи, првата кактусова колекција била направена од страна на анонимен аптекар во Англија уште во XVI век.11

Поради својот изглед и многу малите потреби во поглед на одржување, големите производители ги промовираат како Easy care собни растенија, кои сè повеќе се користат во украсувањето на ентериерите кај нас. Денес, речиси да не постои домаќинство во кое нема барем еден кактус. Покрај декоративниот изглед, денес кактусите се огледуваат масовно и за стопански цели, односно за производство на суровини за исхрана, лекови и напитоци.DCF 1.0

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top