Насловна / Архитектура / Како се чува национално архитектонско наследство: Куќата Tugendhat во Брно од Mies van der Rohe

Како се чува национално архитектонско наследство: Куќата Tugendhat во Брно од Mies van der Rohe

Во мај 2016 година, имав шанса да ги гледам фотографиите од куќата Tugendhat, проект на Mies van der Rohe, во Брно, Чешка Република, снимени од мојот пријател и колега Wolfgang Pfeifer, познат архитект и урбанист од Минхен. Добитник е на повеќе урбанистички и архитектонски конкурси. Во 1970 година го работеше урбанистичкиот план за централното подрачје на Amberg, средновековен град. Во завршната фаза на проектот се вклучив и јас. Конкурсно решение за урбанистички план центарот на Bayreuth, град познат по фестивалот посветен на Richard Wagner. Градот го имам посетено и бев водушевена од реализираниот проект на централното подрачје.

 На мое барање, колегата Wolfgang Pfeifer, љубезно ми испрати инфо материјал и сопствени фотографии од куќата Tugendhat, за читателите на списанието ПОРТА 3. Редакцијата и јас му благодариме.

P1050694 Чувањето на културното наследство е предизвик за секоја држава која го цени своето минато. Во светот има мноштво такви примери. За разлика од кај нас, каде што сме сведоци на своеволен приод кон оваа материја. Би рекле уништувачки.

P1050655

Куќата на фамилијата Tugendhat е само еден пример, како во светот се приоѓа кон она што значи традиција во архитектурата и како после десетици години се враќа сјајот на минатото. Во наредните броеви на „Порта 3“ ќе направиме обид да се каже нешто и за нашите „блескави“ примери. P1050697

Хронологија на индивидуална куќа на Margarete и Friedrich, архитект  Tugendhat, проект на Mies van der Rohe (Од оригиналните податоци од Градската архива на Брно).

P1050628 Берлин 1927 година. Прва заедничка средба на фамилијата Tugendhat со архитектот Mies van der Rohe. Брно, септември 1928 година. Разгледување на градежната парцела од M.V. Rohe. Берлин, 31 декември 1928 година. Архитектот го претставува планот од куќата на нарачателите. Брно, јуни 1929 година, почеток на градба преку фирмата на Moritz Eisler. Декември 1930 година, вселување на сопствениците во готовата куќа. 1938 година, бегство на Margarete и Friedrich, со нивните деца за Венецуела. Насилно влегување во празната куќа, крадење на една оригинална столица. Четврти октомври 1939 година, конфискација на куќата од Гестапо. Запишување на 12 јануари 1942 година, како сопственост на германскиот Reich. Опремување на главниот станбен простор според плановите на едно конструктивно биро од авиоконструктори на Messerschmitt. Продадени или пренесени голем дел од столиците. Заоблениот ѕид од опал стакло, го обзидуваат со цигла. Доградба на еден простор меѓу влезот и терасата. 20 мај 1944 година, детонација на една бомба во градината на куќата при еден артилериски напад.P1050641

Уништување на сите стаклени површини во долниот станбен простор, со исклучок на еден засилен прозорец. Февруари 1945 година, заминување на германскиот окупатор, пљачкосување на напуштената куќа. 28 април 1945 година, вселување на еден дел од Советската коњица, главниот станбен простор служел како коњушница. По заминување на Советите кражба на Makassar-Ebenholcwand, Есен 1945 година, почнуваат потребните поправки на тешко оштетените куќи. 30 октомври 1950 година, пренос на правото на сопственост на Чехословачка Република. 1955 година, адаптација на оддел за  рехабилитација од Универзитетската детска клиника. Шестти декември 1963 година, прогласување на куќата за културен споменик (регистарски број 0098).

P1050691 P1050686 P1050654

Берлин, 15 септември 1968 година, разговор на архитект Dirk Lohan околу учеството на ателјето на Mies van der Rohe од Чикаго за обнова на куќата. За разлика од кај нас, каде што значајните архитектонски дела на модерната и после неа се „пресоблекуваат“ во некој измислен стил без да се прашаат авторите на тие дела.

Брно, 16 јануари 1969 година. Советување на Margarete Tugendhat и Dirk Lohan во хотел Интернационал и на 18 јануари во куќата Tugendhat, на ул. Schwarzfeldgasse 45. Крај на 1969 година, преместување на одделот за рехабилитација на детската клиника во друга зграда. Од 1970 година, управување со куќата преку национална заштита од градот Брно. Од 1980 до 1985 година, реставрација: повторно зглобување на закривените “Makassar” ѕидови во една од оригиналните изведби. Реконструкција на стаклените површини. Замена на оригиналниот систем за загревање од виенската фирма Бакон. Повторно поставување на првобитниот камин. Рушење на доградбата од времето на национал-социјализмот. Обнова на електро инсталацијата. Во 1992 година е обезбедена една реплика на оригинал Хененсе ламба. Во купатилата се инсталирани карактеристичните дупли лавабоа. Мал дел од преостанатиот оригинален мебел: едно бифе, една х–маса, една столица за одмор се наоѓаат во галерија Мериш, Брно. Од 1998 година, куќата  се користи како репрезентативен простор, гостинска куќа и конференциски простор на Градот Брно.

P1050675 Vila_Tugendhat_(Brno),_onyxová_stěna

Реконструкцијата на зградата стриктно изведена според оригиналната градба, веројатно и со средства на ЕУ, изнесува 8,5 милиони евра!!!

Пишува: Душанка Балабановска, дипл.инж.арх.  

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top