Насловна / Архитектура / Како ќе изгледа најдолгиот облакодер во светот

Како ќе изгледа најдолгиот облакодер во светот

Американското дизајнерско студио Oiio неодамна го претстави проектот на облакодер на Менхетен, кој за разлика од другите, ќе се истакнува со својата должина, уникатниот дизајн и архитектура.менхетен2

Дизајнерите од студиото одлучиле да одат против актуелните трендови на градење облакодери какви што се популарни во Њујорк, и во други светски метрополи. Кога станува збор за оваа област, императивите на градењето се многу јасни. Ако сакате скапо да го наплатите квадратниот метар и да постигнете да се зборува за вашиот проект, треба да се направи што повисока зграда, која ќе се истакнува.менхетен

Но, овие млади дизајнери размислувале поинаку, а резултатот од неколку месеци работа е наречен The Big Bend. Тоа е облакодер штo, наместо во висина, ќе се концентрира во должина и дизајн. Овој облакодер ќе биде во облик на буквата U, а ќе биде долг нешто повеќе од еден километар. Самиот дизајн и архитектура се многу импресивни, а просторот ќе биде максимално функционален и искористен до крај. Архитектите сега се во процес на добивање на градежни дозволи.менхетен3

Испрати коментар

Scroll To Top