Насловна / Архитектура / Јавен повик за предлагање на можни добитници на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2017

Јавен повик за предлагање на можни добитници на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2017

Асоцијација на архитекти на Македонија – ААМ објавува Јавен повик за предлагање на можни добитници на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2017 година.

Согласно чл. 37 и чл: 41 од Статутот на ААМ и согласно Правилникот за доделување на наградата „Андреја Дамјанов“, која се доделува на државјанин на Р. Македонија, како признание за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството.logo-asociacija-na-arhitekti-na-makedonija

Право на поднесување на предлог за можни добитници на наградата „Андреја Дамјанов“ имаат членовите на ААМ.

Предлогот треба да содржи куса биографија на кандидатот, детална професионална биографија со листа на референци со сите дела од областа на архитектурата и градителството со кои што кандидатот придонел за вкупниот развој на струката. Во листата на референци се наведуваат особените остварувања: изведени објекти, архитектонски проекти, урбанистички планови, изложби, студии, научни трудови, публикации, книги, награди и признанија.

Рокот за поднесување на предлозите е 60 дена од распишување на повикот.

Пристигнатите предлози, според чл: 7 од Правилникот за доделување на наградата „Андреја Дамјанов“, ќе бидат разгледани од петчлена комисија избрана од Управниот Одбор на ААМ. Еден член на комисијата е од редот на добитниците на наградата „Андреја Дамјанов“.

Добитникот на наградата „Андреја Дамјанов“ станува член на Архитектонската Академија на ААМ.

Предлозите да се достават во канцеларијата на ААМ на улица „Даме Груев“ 14а – Скопје.

Сите заинтересирани информации можат да добијат на тел.: 02/3237 277; 076 350 336; e-mail: kontakt.aam@gmail.com; www.aam.org.mk

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top