Насловна / Архитектура / Јапонската награда Praemium Imperiale 2015 за францускиот архитект Доминик Перо

Јапонската награда Praemium Imperiale 2015 за францускиот архитект Доминик Перо

Praemium Imperiale е глобална награда на Јапонската асоцијација на уметност (Japan Art Association). Добитници за 2015 година се: јапонскиот уметник Tadanori Yokoo во делот на сликарството, германскиот уметник Wolfgang Laib во делот на скулптурата, францускиот архитект Dominique Perrault во делот за архитектура,  англо-јапонската пијанистка Mitsuko Uchida во музичкиот дел и француската  примабалерина Sylvie Guillem, во делот на театар и филм. Победниците се избрани од меѓународна комисија на експерти (Jean – Pierre Raffarin, Lamberto Dini, William H. Luers, Christopher Patten, Yasuhiro Nakasone, Klaus-Dieter Lehmann).9. La liberte, Groningen, Холанди_а  (2007-2011)

La Liberte Groningen, Холандија (2007-2011)
Наградениот архитект Доминик Перо, во своето интервју со извршниот секретар на Јапонската асоцијација на уметници, Nobutoshi Notsu, на 2 јуни годинава, изјави: „Praemium Imperiale има многу големо значење за сите уметници во светот. Тоа е длабоко културна награда. Не е комерцијална. Таа е во чест на авторите, на делата. Влијае на чувствителните прашања кои се различни за сите области во уметноста. За мене, тоа е многу силен знак, се разбира од симболичен аспект, за понатамошното поттикнување и развивање на архитектонските дисциплини, на архитектонско поле. Архитектурата, како што многумина денес мислат, не може да се сведе на изградба на објекти.Доминик Перо

Доминик Перо

Архитектурата има глобална димензија која влијае на сите територии, на сите култури и воопшто на сите луѓе. Архитектурата мора да биде во можност да ги заштити сите луѓе во богатите, а посебно во сиромашните економии. За таа цел, неопходно е да се развиваат истражувачки полиња во архитектурата. Архитектите денес пред себе имаат посебно важни задачи за заштита на планетата, на човекот и на човештвото што ја населува оваа планета. Затоа не е доволно да се направи архитектура.

Архитектурата што ја правиме мора да се сподели со најголем број луѓе“.
Доминик Перо е познат по неговите иновативни дела, мајсторски измешани со нивниот контекст, по неговиот див, имагинативен и апстрактно минимален дизајн. „Архитектурата не треба да биде затворена сама во себе, со грбот кон контекстот“, вели Перо „секогаш треба да биде во резонанс со непосредната околина, било природно или урбано. Ние архитектите треба секогаш да размислуваме за местото на нашите објекти во градскиот дизајн како и за самиот град во целост“.

2. Олимписки велодром и  олимписки базен, Берлин, Германи_а  (1992-1999)

Олимписки велодром и олимписки базен, Берлин, Германија (1992-1999)
Годинашниот лауреат во областа на архитектурата, Доминик Перо, е познат современ архитект и урбанист. Роден е 1953 година во Клермон-Феран (Clermont-Ferrand), Франција. Во јавноста стана познат во 1989 година, кога на негова 36-годишна возраст победи на меѓународниот конкурс за проектот на Националната библиотека на Франција во Париз.

3. ME хотел, Барцелона,  Португали_а (1999 - 2008)

МЕ хотел, Барцелона, Шпанија (1999-2008)

Реализацијата на овој проект, кој е еден од последните големи проекти на Митеран, ја отвори неговата меѓународна кариера. Покрај активната работа на голем број проекти, Доминик Перо е професор на политехничкиот факултет во Лозана, член на научниот одбор на Atelier international du grand Paris од 2012 година. Денес, тој е познат и признат архитект кој реализирал многу проекти наз целиот свет.

1. Национална библиотека на  Франци_а, Париз, Франци_а (1989-1995)

Национална библиотека на Франција, Париз, Франција (1989-1995)
Некои од неговите познати објекти, реализирани низ светот се:
·    Олимписки велодром и олимписки базен, Берлин, Германија (1992-1999)
·    Продолжување на Европскиот суд на правдата, Луксембург (1996-2008)
·    МЕ Барселона хотел, Барселона, Шпанија, (1999-2008)
·    Олимписки тениски стадион, Мадрид, Шпанија (2002-2009)
·    No Theater, Niigata, Јапонија (2004-2006)
·    Женски универзитет Ewha, Сеул, Јужна Кореја (2004-2008)
·    DC Towers 1, Donau City, Виена, Австрија (2004-2014)
·    Деловен објект, Boulogne Billancourt, Франција (2005-2009)
·    Priory Park pavilion, Reigate, Англија (2005-2008)
·    NH-Fiera Milano, Хотел, Милано, Италија (2006-2009)
·    Fukoku Tower, Осака, Јапонија (2006-2010)
·    Спортска палата, Руен, Франција (2006-2012)
·    Krisztina Palace Facades, Будимпешта, Унгарија (2007-2010)
·    „La Liberte“, Groningen, Холандија (2007-2011)
·    B&B Хотел, Париз, Франција (2007-2014)
·    Arganzuela пешачки мост, Мадрид, Шпанија (2008 -2011)
·    Albi Grand Theater, Франција (2009-2014)

5. Женски универзитет Ewha, Сеул,  _ужна Кореа (2004 - 2008)

Женски универзитет Ewha, Сеул, Јужна Кореја (2004-2008)
Во моментов, тој е ангажиран на повеќе тековни проекти, во многу земји во светот. Некои од тие проекти кои се во фаза на реализација, се следните:
·    Villejuif IGR Station/ Grand Paris Express, Франција (2013-2023)
·    Нов реон на станицата FFS, Locarno-Muralto, Швајцарија (2009-2018)
·    Наставен мост на Ecole Polytechniqe Federal во Лозана. Рехабилитација/ проширување на халата за Механика (ME), Лозана, Швајцарија (2011-2017)
·    Реструктуирање на павилјонот Dufour, Версајски дворец, Версај, Франција (2011-2015)
·    Piazza Garibaldi, Неапол, Италија (2004-2016)
·    Нов Longchamp, Хиподром Longchamp, Париз, Франција (2011-2016)
·    Реновирање на областа на езерцето, Женева, Швајцарија (2011-2020)
·    Restucturation de la poste du Louvre, Париз, Франција (2012-2018)
·    Zurich Vulcano, Цирих, Швајцарија (2013-2018)
·    Hotel Grand Arenas, Ница, Франција (2014-2017)

6. Dc Tower, Виена, Австри_а,  (2004-2014)

Dc Tower, Виена, Австрија (2004-2014)
Перо е добитник на повеќе значајни награди:
·    Француски сребрен  Медал за урбанизам (1990)
·    Голема француска Национална награда за архитектура (1993)
·    Награда за современа архитектура од Европска Унија – Мис ван дер Рое (1996)
·    AFEX  French World Architecture Grand Prix (2010)
·    Голем златен медал на Академијата за архитектура (2010)
·    Член на Академијата за  убави уметности (Academie des Beaux – Arts) во Париз (2015)
·    Награда Praemium Imperiale, (2015)

7. NH-Fiera, хотел, Милано, Итали_а  (2006-2009)

7NH-Fiera, хотел, Милано, Италија (2006-2009)
Првиот архитект кој  ја доби оваа награда во 1989 година беше познатиот кинеско-американски архитект Ieoh Ming Pei. Во 1993 година, наградата ја доби нам добро познатиот јапонски архитект Кензо Танге. Архитектот кој во 1964 година, со својот тим, победи на меѓународен конкурс за изработка на урбанистичкото решение на централното подрачје на Скопје. Човекот кој после земјотресот создаде современ урбанистички концепт на нашиот град. А првиот француски архитект кој ја доби наградата за архитектура во 2001 година беше Жан Нувел.OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Arganzuela, пешачки мост, Мадрид, Шпанија (2008-2011)
Меѓу добитниците на наградата се имињата на најпознатите архитекти во светот, како на пример: Џејмс Стерлинг (1990), Гае Ауленти (1991), Френк Гери (1992), Ренцо Пијано (1995), Тадао Андо (1996), Алваро Сиза (1998), Ричард Роџерс (2000), Норман Фостер (2002), Оскар Нимаер (2004), Петер Цумтор (2008), Заха Хадид (2009), Тојо Ито (2010), Давид Чиперфилд (2013), Стивен Хол (2014)…

11. Albi Grand Theater, Франци_а (2009-2014)

Albi Grand Theater, Франција (2009-2014)

Praemium Imperiale
Наградата Praemium Imperiale се доделува еднаш годишно на врвни уметници од светот, за нивните достигнувања, за меѓународното влијание кое го прават со својата уметност и духовното збогатување на светската заедница. Воведена е во 1988 година, по предлог на императорот на Јапонија, во чест на стогодишнината на Асоцијацијата на уметност на Јапонија и на покојниот принц Такамацу (Takamatsu, 1905–1987), кој бил прв покровител на асоцијацијата, во тек на 58 години. Наградите за секој од уметниците, во износ од 15 милиони јени (околу 111.000 €), диплома и медал, ќе бидат доделени на церемонија која ќе се одржи на 21 октомври 2015 година во Токио, од страна на принцот Hitachi, помлад брат на императорот на Јапонија, кој е почесен претседател на Асоцијацијата за уметност на Јапонија.12. Piazza Garibaldi, Неапол, Итали_а  (2004-2016)

Piazza Garibaldi, Неапол, Италија (2004-2016)

13. Хиподром, нов Longchamp, Париз,  Франци_а (2011-2016)

Хиподром, нов Longchamp, Париз, Франција (2011-2016)

Испрати коментар

Scroll To Top