Насловна / Архитектура / Јапонска куќа инспирирана од птичје гнездо

Јапонска куќа инспирирана од птичје гнездо

th_221014_01-630x472

Јапонскиот архитект Kimihiko Ohada е проектантот на оваа куќа наречена Toda House, во Хирошима, Јапонија.

th_221014_02-630x472
Локацијата се наоѓа во станбена област во Хирошима со далечни видици кон Inland Sea и  Miyajima.

th_221014_03-630x840 th_221014_04-630x472

Земјиштето на оваа област се развива во вид на платформи со различни нивоа. Од архитектонскиот концепт се бара да биде со поглед над соседните куќи, да обезбеди сигурност поради позицијата на крајот од соседните парцели и да се овозможи во иднина надоградба на простории за мала продавница.

th_221014_09-630x840 th_221014_12-630x472 th_221014_10-630x472

За да одговори на барањата, архитектот ја „одлепува“ куќата од парцелата, подигнувајќи ја на слободни столбови во приземјето. Налик на птичје гнездо, овде архитектурата е ослободена од какви било препреки. Куќата е отворена за погледи но обезбедува и приватност. Меѓукатната конструкција и кровот се состојат од една континуирана плоча. Варијациите на циркулација и разновидните просторни односи се воспоставуваат со поставувување на продорни скали. Проширената плоча остава простор за можно идно проширување и импресионира кога се гледа од приземјето.

th_221014_15-630x472 th_221014_18-630x472 th_221014_17-630x472

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top