Насловна / Вести / Израелци направиле батерија за електричен автомобил која се полни за само пет минути

Израелци направиле батерија за електричен автомобил која се полни за само пет минути

Baterija-elektromobil sema

Израелската компанија StoreDot  досега има направено доста интересни откритија во врска со технологијата на батерии, но нивното последно достигнување кое е претставено на технолошкиот саем  Cube Tech Fair во Берлин ќе може да влезе во историјата.

Имено, компанијата произвела нова батерија за електричен автомобил која може да се наполни за пет минути. Додека бројни стручнаци денес се фокусирани на унапредување на моќноста на батериите, батеријата на StoreDot е фокусирана на брзината на полнење пред сите останати карактеристики. На пример, на т.н SuperCharger на компанијата Tesla му требаат 75 минути за полнење. Компанијата StoreDot тврди дека нивната батерија FlashBattery е посигурна од останатите бидејќи не е запалива.

Се очекува овие батерии да бидат комерцијално достапни најдоцна за три години.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top