Насловна / Вести / Изложба „Универзален ритам“ на Маја Кировска во Јужна Кореја

Изложба „Универзален ритам“ на Маја Кировска во Јужна Кореја

Денес (16 август) во 17 часот во галеријата на „Вумин арт центар“, Ченгџу, Јужна Кореја ќе биде отворена изложбата „Универзален ритам“ на авторката Маја Кировска.

Организатор на изложбата е уметницата Санјонг Ли во соработка со „Вумин арт центар“.

На изложбата ќе бидат претставени шеснаесет дела, од кои повеќето се објекти, две инсталации во простор, како и две дела кои комбинираат објекти и видео.Maja-Kirovska-Blastula-2017-5-701x464

„Изложбата е инспирирана од една античка филозофска мисла за поврзаноста на убавината со бројот и пропорцијата и се обидува да ја отелотвори во современи уметнички дела. Тоа е симболична претстава на единството, на сè што постои во овој свет. Комбинирајќи ги симболите на големите светски религии, ја илустрира позицијата на културата во хармоничното движење на универзумот на нејзиниот еволутивен пат. Во исто време делата претставени на оваа изложба покажуваат сличност со најсовршените природни објекти, кристалите, посочувајќи ги на тој начин заедничките принципи на функционирање од разните сфери на светот што нè опкружува“, вели Маја Кировска.

„Нејзината просторно временска мрежа нè води до најдлабоките тајни на постоење на универзумот, а во исто време и нè потсетува дека сепак сме само една честичка од него“, вели за изложбата Мери Аницин-Пејоска.

Испрати коментар

Scroll To Top