Насловна / Вести / Изложба „Остен биенале на наградени автори 2017“ во Гевгелија

Изложба „Остен биенале на наградени автори 2017“ во Гевгелија

Вечерва во хотел „Аполонија“ во Гевгелија ќе биде отворена изложба и ќе им бидат доделени награди на уметниците учесници на „Остен биенале на наградени автори 2017“.

Учесниците се наградени автори од манифестациите „Остен биенале на цртеж“ и „Остенови уметници на годината“, како и гости и соработници на „Остен“.unnamed

„Остен биеналето на наградени автори 2017“ е дел од Светската галерија на цртеж, концепт-манифестација која се состои од меѓусебно поврзани манифестации.

Биеналето традиционално се одржува во соработка со Фондацијата „Аполонија“ од Гевгелија. Документираната збирка со над 10.000 уметнички дела од над 2.400 автори од 80 земји во светот е најголемото досегашно достигнување на „Остен уметност на хартија“.

Испрати коментар

Scroll To Top