Насловна / Арт и дизајн / Изложба на проектот „Ничија земја“ во МСУ со кој Македонија беше на Венециското биенале

Изложба на проектот „Ничија земја“ во МСУ со кој Македонија беше на Венециското биенале

Македонскиот павилјон на 15. Венециско биенале за архитектура 2016, со проектот „Ничија земја“ на архитектите од студиото Stone Design од Скопје, е поставен во Музејот на современата уметност во Скопје.KPO_8972

Изложбата ќе трае еден месец – од 17 јануари до 15 февруари 2017 година.KPO_8997

„Односот помеѓу „јавното“ и „приватното“, меѓу „катафатичкиот“ и „апофатичкиот“ простор е утробата на „Ничија Земја“. Неговиот примарен фокус е структуралната перихореза, корелацијата и контрапунктирањето на искривените но алузивни „иконични“ урбани монументи и авторските созданија составени од субјективни реалности, фрагментрираност и дематеријализирани микро локации, географии и мулитикултурни истражувања на формата и волуменот. Суптилната игра на интерархитектуралните еха и алузии нè намамуваат да ги дијагностицираме невротичностите на нашата култура преку архитектонски криптограми на фантазмогоричниот „отворен град“ создаден од есхатолошкиот архитектонски извик/загатка за можноста на liberté, égalité, fraternité in toto.KPO_8994

Набљудувачот, влегувајќи во тунелот низ илуминираната „задна врата“ е конфонтиран со слики и симболи на големите човечки очекувања; град кој е “препознатливо непрепознатлив“, ефемерен како „сон за еден град“, застрашувачките илузии за „земја без граници“ кој праќа повик за претопување во ничиј пејзаж“, пишува во текстот на кураторот и автор Стојан Павлески.KPO_8963 KPO_8964 KPO_8970 KPO_8971 KPO_8978 KPO_9023 KPO_9025 KPO_9027 KPO_9031 KPO_9050 KPO_9065 KPO_9066 KPO_9067

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top