Насловна / Арт и дизајн / Изложба на плакати од Михајло Арсовски во МСУ

Изложба на плакати од Михајло Арсовски во МСУ

плакати1Во Музејот на современата уметност во Скопје, отворена е изложба на плакати од Михајло Арсовски, хрватски автор со македонско потекло, еден од најавтентичните пионери на графичкиот дизајн од 60-тите години на минатиот век, признат по своите смели визуелни решенија.

Михајло Арсовски е роден на 9 јули 1937 година во Скопје, во фотографско семејство, левичари, кое по Втората светска војна се сели во Загреб. Веќе кон средината на 60-тите години на минатиот век создава свој препознатлив визуелен јазик со спојување на колажот, фотомонтажата, типографските цитати, често потенцирајќи го токму пикторалното и визуелното влијание.плакат

Со спојот на слики од високата и поп-културата тој е, секако, зачетник на постмодернизмот во графичкиот дизајн. Неговиот опус се карактеризира со изразен личен став, отпор кон конвенционалните решенија и храбра критичка дистанца од тогашната актуелна ликовна сцена.

Михајло Арсовски одиграл клучна улога во едукацијата на многу млади дизајнери во Хрватска во 80-тите години на минатиот век, меѓу кои Мирко Илиќ, Дејан Кршиќ, Никола Ѓурек и др., период кога во Хрватска никој не се занимавал со соодветна едукација посветена на типографијата.

Големиот уметник кој ги кршел стереотипите, ретко се појавувал на изложбите во кои биле застапени неговите дела, ја одбил наградата за животно дело во Загреб, заслужува да му ја оддадеме сета почит, благодарност за визијата што ја имал, и ветување дека нема да биде заборавен, велат од Музејот на современата уметност.

Испрати коментар

Scroll To Top