Насловна / Вести / Изложба на Мирослава Микица Трујкановиќ во Прилеп

Изложба на Мирослава Микица Трујкановиќ во Прилеп

mikica trujkanovic

Утре (28 мај) во 20 часот во галеријата на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена самостојна изложба на Мирослава Микица Трујкановиќ, која пред прилепчани ќе се претстави со 15 дела со поголеми димензии во комбинирана техника.

Повеќето од нејзините дела се принт на платно со уметнички интервенции.

Трујкановиќ по втор пат се претставува во Прилеп и вели дека многу се радува што при нејзината втора средба со љубителите на уметноста ќе се претстави со сосема поразлични дела од претходниот пат.

Мирослава Микица Трујкановиќ е родена во Бор, Србија, во 1975 година. Дипломските студии по сликарство ги завршува на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1999 година и на истиот факултет магистрира. Во 1999 година станува член на ДЛУМ (Друштво на ликовните уметници на Македонија).

Самостојни изложби има одржано во Скопје, Виена, Истанбул, Прилеп, Кавадарци, Неготино и повеќе од сто групни излагања во земјата и надвор од неа како што се САД, Австрија, Франција, Италија, Велс, Тунис, Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија… Има остварено студиски патувања во Нирнберг, Виена, Париз и учествувано на повеќе од 30 интернационални ликовни колонии.

Таа е добитник на неколку награди како што се: награда за цртеж „Никола Мартиновски“, втора награда на Интернационалното арт биенале – СИАБ, награди за сликарство „Петар Мазев“, „Димитар Кондовски“, „Никола Иванов-Балтон“ и награда за сликарство на XЛИ Паинтинг ех–темпоре, Словенија. Исто така, добитник е и на Гран-при на XII Зимски салон и награда за најдобро дело од Националната галерија на Македонија.

Живее и работи во Скопје како професор во Државното средно училиште за применета уметност и дизајн „Лазар Личеноски“.

Испрати коментар

Scroll To Top