Насловна / Вести / Изложба на Горјан Ѓорѓиев за триесет години ликовно творештво

Изложба на Горјан Ѓорѓиев за триесет години ликовно творештво

Вечер во Културно-информативниот центар ќе биде отворена изложба на дела од Горјан Ѓорѓиев, со која уметникот одбележува 30 години ликовно творештво.

Ѓорѓиев (Скопје, 1965) дипломирал во 1987 на Академија за ликовни умстности во Скопје, отсек сликарство. Од 1988 членува во Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ).gorjan-gorgiev

Учествувал на многу перформанси, групни изложби и ликовни колонии во Македонија и странство, а имал и 17 самостојни изложби.

Јубилејната изложба на Ѓорѓиев во КИЦ ќе биде отворена до 30 октомври.

Испрати коментар

Scroll To Top