Насловна / Вести / Изложба „Ликовна симфонија на душата“ на Тања Таневска во Чифте амам

Изложба „Ликовна симфонија на душата“ на Тања Таневска во Чифте амам

Вечер во 19.30 часот во „Чифте амам“ ќе биде отворена изложба на седумдесетина колажи од Тања Таневска, насловена „Ликовна симфонија на душата“.

Колажите се изработени во изминатите седум години и со нив, како што наведува организаторите од НГМ, авторката го проширува ликовниот репертоар со нови изразни можности, впечатливи, визуелни и естетски проникнувања, вметнување ликовен говор на материјалите.tanja-tanevska1

„Таневска ја потврдува иновативната и експериментална природа, покажува дека освен што поседува неисцрпна инспирација, таа ја потврдува и сопствената неисцрпна енергија“, соопшти НГМ во најавата на изложбата.

Тања Таневска досега реализирала 25 самостојни изложби во Македонија, а изложувала и во Париз, Берлин, Дрезден, Белград, Загреб, Марибор. Учествувала на повеќе од 220 групни изложби во земјава и странство. Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ).

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top