Насловна / Вести / Изложба „Конци и Ткаење“ од Лира Зајми од Приштина

Изложба „Конци и Ткаење“ од Лира Зајми од Приштина

lira zajmi

Во Културно информативниот центар – Скопје на 7 мај (четврток) ќе биде отворена изложба „Конци и Ткаење“ од Лира Зајми, ликовен уметник од Приштина.

Изложбата ќе се отвори во изложбениот салон – Империјал 2, во 20 часот.

Лира Зајми твори во областа на графичкиот дизајн, фотографијата и дизајн на ентериер.

Лира Зајми дипломирала на Универзитетот во Приштина, Факултет за ликовни уметности, оддел графички дизајн. Последипломски студии, графичкa комуникација, завршила во Белград на Факултет за применети уметности. Mагистрирала графички дизајн на Приштинскиот универзитет, Факултетот за уметност во областа на визуелни комуникации.

Член е на професионалните здруженија на Косово и Хрватска. Таа има добиено статус на самостоен уметник (ХЗСУ – Здружението на хрватски слободни уметници). Соработува во областа на графичкиот дизајн со бројни агенции, издавачи, институции и компании, како што се: Министерството за туризам на Р. Хрватска, Хрватската туристичка асоцијација (ХТЗ), Вјесник маркетинг агенција (Ефес ’64), American Express, Програф маркетинг агенција, Атлас Airtours агенција, Загребски саем, итн.

Реализирала неколку самостојни и групни изложби во Хрватска (Загреб), Косово (Приштина, Призрен, Пеќ) и Албанија (Тирана, Берат, Скадар, Фиер). Добитник е на „Маркетинг разлика награда“ за промотивни реклами, доделена од страна на Колумбо прес.

Работи како професор во областа на визуелни комуникации, корпоративен дизајн и дизајн на производи во Приштина на Факултетот за ликовни уметности.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top