Насловна / Вести / Изложба „Капки против заборавање“ на Которац во Мобилна/Монтажна галерија

Изложба „Капки против заборавање“ на Которац во Мобилна/Монтажна галерија

ines kotorac izlozba

Во вторник (30 јуни) во Мобилна/Монтажна галерија, во Паркот на Франконијата, со почеток од 20 часот, ќе се отвори изложба на фотографии на Инес Которац.

Со најновата изложба на фотографии насловена „Капки против заборавање“, Инес Которац ја реинтерпретира историјата на Балканскиот регион, но уште повеќе ја интерпретира сопствената лична историја.

Низ серија на аналогни фотографии, Которац го носи посетителот во Босна која ни ги открива своите лица.

„Повеќето од фотографиите кај гледачот провоцираат различни сензации, тага, но многу често и безвременски чувства. Фрагилноста на фокусот додава димензија на временска воздржаност која предизвикува силна експресија. Кога се гледаат тие фотографии се добива чувство на тишина која е тешко да се искрши додека трае естетскиот момент“, стои во најавата за настанот.

Проектот е насловен „Капки против заборавање“ според серија на фотографии снимени во излог на една аптека во Сараево, на која се прикажани капки против заборавање наменети за стари лица.

На фотографиите на Которац се гледа процес на реоткривање на идентитетот, тоа е процес на константо исчезнување и доаѓање, припадност и отпишаност, наоѓање и губење и приказна која ни е раскажана преку серија на фотографии.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top